Monday, December 29, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Годишен извештај на Македонско друштво “Илинден”-Tирана за 2025 година

by Redakcija
29.12.2025
in Балкан

Македонското друштво “Илинден“-Тирана е формирано на 6 февруари 2009 година во Тирана со цел заштита и унапредување на правата на Македонците во Република Албанија. Од 16 мај 2015 година, друштвото е членка на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) и активно учествува во Работната група на словенските малцинства (АГСМ).

Во текот на 2025 година, Македонското друштво “Илинден“-Тирана реализираше значаен број активности од културен, верски, политички и општествен карактер.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана  ја зацврсти својата позиција како водечки претставник и глас на Македонците во Република Албанија со својата етаблираност на државно и европско ниво, придонесе кон зголемена видливост на македонското прашање во јавниот и медиумскиот простор и активно работеше на зачувување на македонскиот јазик, култура и идентитет

И покрај бројните предизвици и ограничени финансиски средства, Македонско друштво “Илинден“-Тирана, ја продолжи работа на национално, регионално и европско ниво, ја зајакнавме соработката и донесовме важни одлуки за иднината на Македонците во Република Албанија.

Преку континуирани активности и јасна програмска определба, друштвото ја зацврсти својата улога како релевантен и препознатлив претставник на Македонците во Република Албанија.

Македонско друштво “Илинден“-Тирана и во 2026 година, останува целосно посветено на својата мисија и со јасна визија продолжува со својата работа ќе продолжиме со реализирање на своите стратешки цели, дејствувајќи како силен и одговорен глас на Македонците во Република Албанија.

Реализирани средби во 2025 година

9 мај 2025 – Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средба со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво на Република Македонијa.

10 мај 2025 – Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај на работна средба со Димитар Манчев шеф на кабинает на Заменик претседател на Владата и министер за транспорт на Република Македонија.

10 мај 2025 –  Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средба со Стефан Волкановски, Државен Секретар во министерство за транспорт на Република Македонија.

10 мај 2025 – Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај на работна средба со Боро Мирчески, началник за дијаспора при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија.

17 јуни 2025 – Потпретседателот на македонското друштво “Илинден“ Тирана, Незир Меча на средба со Гордана Сиљановска Давкова, Претседателка на Република Македонија.

4 август 2025 – Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средба со в.д. амбасадор Љуфтим Спахиу во Македонската амбасада во Тирана.

5 август 2025 – Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај средба со Емилија Попивода, директорка на Македонскиот културно-информативен центар во Тирана.

9 август 2025 – Претседателот на македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај освари средба со Борче Јовчески, градоначалник на општина Прилеп

14 август 2025 – Претседателот на македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај во посета на Бигорскиот манастир.

17 септември 2025 – Координаторката на Македонското друштво “Илинден”-Тирана за Округот Елбасан, Сабина Џелили на средба во Македонска амбасада во Тирана со Заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија, Зоран Димитровски.

31 октомври 2025 – Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај работна средба со Јовица Никчевски, директор на НУБ “Св. Климент Охридски“- Скопје.

Меѓународни активности

09 март 2025 –  Координаторката на Македонско друштво “Илинден“-Тирана за Округот Елбасан, Сабина Џелили и Проф.д-р Катерина Тодороска, учествуваа на

конференција на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) за Западен Балкан, одржена во Скопје, Република Македонија.

23–25 октомври 2025 – Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше на 69. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во Болзано, Италија.

24 октомври 2025 – Македонско друштво “Илинден“-Тирана на 69. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) во Болзано, Италија со сопствен штанд со македонска домашна ракија, ајвар, лепче, потоа пропаганден материјал на кој се претставени македонските носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци од весникот “Илинден“.

24 октомври 2025 – Претседателот на македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај во рамките на ФУЕН конгресот во Болзано во Јужен Тирол, Италија учестуваше на работен состанок на работна група на словенски малцинства (АГСМ) при Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

20–23 ноември 2025 – Учество на 28-от семинар на Работната група на словенските малцинства (АГСМ) во Горица, Италија

23 ноември 2025 – Македонското друштво “Илинден“- Тирана, до година ќе биде домаќин на семинарот на работната група на словенските малцинства во Европа при Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Македонски весник “Илинден“

Годината 2025 претставува значаен период за Македонскиот весник „Илинден“, кој бележи зголемена видливост и континуиран интерес од страна на читателската публика. Весникот сè појасно ја зацврстува својата улога како релевантен медиумски глас на Македонците во Република Албанија, во татковината Македонија, како и меѓу македонската дијаспора ширум светот.

4 декември 2025 година – Со особена радост беше отпечатено јубилејното 70-то издание на македонскиот весникот “Илинден“. Овој значаен јубилеј претставува потврда за континуитетот, посветеноста и довербата што весникот ја ужива кај Македонците во Република Албанија.

Доделување на Награда “Илинден“ и Благодарници “Илинден“  

Награда “Илинден“

Федералната Унија на Европските Националности (ФУЕН) – Фленсбург, Германија

Благодарници “Илинден“  

Г-дин Љуфтим Спахиу – Вршител на должноста македонски амбасадор во Тирана, Република Албанија, Народен правобранител – Тирана, Република Албанија, Г-ѓа Елса Џелили – Kоординатор на Македонското друштво “Илинден”-Тирана за Округот Елбасан од 2021 и 2024 година и активист на Македонското национално малцинство во Република Албанија, Г-дин Бил Николов – Претседател на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) – Канада, Г-дин Ратко Лазарески – Директор на весникот Нова Македонија, Скопје, Република Македонија.

09 мај 2025 – Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај во просторите на весникот “Нова Македонија” лично ја предаде Благодарницата “Илинден” на г-дин Ратко Лазарески, Директор на весникот “Нова Македонија”.

24 јули  2025 – Претседателот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај лично ја предаде Благодарницата “Илинден” на истакнатиот македонски активист проф. д-р Кимет Фетаху.

25 октомври 2025 – Претседателот на македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај лично ја предаде Благодарницата “Илинден” на Лорант Винце, претседател на Федералната унија на европските националности (ФУЕН).

Предизвици во 2025 година

Македонско друштво “Илинден“-Тирана во 2025 година, се соочи со сериозни финансиски ограничувања.

Комитетот за национални малцинства одби да го одобри поднесениот проект, оваа одлука не ја реализира планираните активности насочени кон зачувување и унапредување на македонскиот национален, културен и јазичен идентитет во Република Албанија.

Недостатокот на институционална поддршка негативно се одрази врз можностите за организирање културни настани, едукативни програми и други иницијативи од значење за Македонците во Република Албанија. И покрај овие предизвици, друштвото продолжи со својата работа, потпирајќи се на ентузијазмот и посветеноста.

Next Post

Една милијарда евра од меѓународните пазари за стабилност на јавните финансии

Општина Чаир – пример за солидарност и грижа за лицата со попреченост

Препорачани Вести

Хрватскиот туризам под притисок: високи трошоци, слаби хотели и губење туристи

4 months ago

Топ 3 најсигурни автомобили под 10.000 евра што нема да ве изневерат!

5 months ago

Популарни Вести

  • Брижит Бардо го остави целото богатство на својата фондација, синот изоставен од тестаментот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсење во Тетово – Летал на булевар со 103 километри на час

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Катастрофални поплави го погодија југот на Шпанија: тројца загинати, куќи и возила под вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ноќ на инциденти: физички пресметки на повеќе локации во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • 11 години затвор за мотоциклистот кој усмрти пешак на кејот на Вардар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.