Седум полицајци се повредени во антитерористичка операција против терористичката организација Исламска држава (ИСИС) во округот Јалова, откако врз припадници на полицијата било отворено оган за време на интервенцијата, соопштија локалните власти.
Операцијата ја спровеле припадници на Управата за покраинска полиција во куќа на патот кон селото Елмалик, во централниот дел на округот Јалова, јавува ТРТ Хабер. За време на акцијата дошло до вооружен судир, по што во операцијата биле вклучени и специјални полициски единици од Бурса.
Повредените полицајци се пренесени во болница и, според официјалните информации, нивната здравствена состојба е стабилна. Антитерористичката операција продолжува со засилени безбедносни мерки во поширокото подрачје.
Поради безбедносната состојба, наставата денес е прекината во пет училишта во округот Јалова. Во зоната каде што се одвиваат операциите се прекинати снабдувањето со гас и електрична енергија, а движењето на цивили и возила е целосно забрането.










