Во вечерните часови, нешто по 22:00 часот, Охрид и околните населени места почувствуваа земјотрес со јачина од 2,8 степени.
Според податоците на European Mediterranean Seismological Centre (EMSC), епицентарот на потресот се наоѓал околу 6 километри северно од Охрид, а земјотресот се случил на длабочина од 15 километри.
Жители на градот пријавуваат благо тресење, без информации за причинета материјална штета.










