Tuesday, December 30, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Антикорупциска во 2026 година ќе следи имотната состојба на 60 функционери, меѓу кои судии, обвинители, пратеници, министри и градоначалници

by Redakcija
30.12.2025
in Македонија

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во 2026 година ќе го следи имотниот статус на 60 високи функционери, соопшти претседателот на Комисијата, Адем Чучуљ. Меѓу нив се десет судии, десет јавни обвинители, десет пратеници, десет министри, десет градоначалници и десет лица на кои во 2025 година им престанала функцијата градоначалник. Имињата на функционерите ќе бидат утврдени во јануари следната година.

На денешната 26. седница, ДКСК го усвои Годишниот план за следење на имотната состојба и судирот на интереси за 2026 година. Чучуљ посочи дека планот е подготвен врз основа на препораките на Европската комисија и анализа на ризиците од корупција, при што се земени предвид и претходните годишни планови и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси за периодот 2021-2025 и 2026-2030 година.

„Имајќи ги предвид препораките од Европската комисија, предлагаме да се зголеми бројот на функционери опфатени во следењето на имотната состојба и судирот на интереси на 60 лица“, изјави Чучуљ. Тој појасни дека постапката ќе се базира на податоците од електронската база на податоци и ќе ги опфати сегашните и поранешните функционери.

Покрај следењето на имотната состојба, ДКСК ја усвои и Програмата за работа за 2026 година, која опфаќа и спроведување антикорупциска проверка на легислативата. Проверката ќе се врши на дел од законите кои не биле завршени во претходниот период, вклучително законот за лобирање, законот за локална самоуправа, законот за вештачење, законот за финансирање на политички партии, правилникот за доделување лиценци за здравствените работници со високо образование и законот за заштита на културното наследство.

На седницата беше донесена и одлука за укинување на Упатството за рангирање на предметите за постапување по пријави, со цел да се елиминира субјективноста во рангирањето и да се регулира начинот на постапување по предметите.

Чучуљ нагласи дека ДКСК добива голем број пријави, дел од кои се паушални и надвор од надлежноста на Комисијата, па укинувањето на упатството ќе обезбеди појасни правила и транспарентност во постапувањето.

Next Post

Осумгодишник се здобил со повреди откако му пукнала петарда

Физички нападната девојка во Тетово - МВР со детали

Препорачани Вести

Димитриеска – Кочоска: Нема промени за граѓаните, пратките од ТЕМУ и понатаму без дополнителни давачки

1 month ago

Димитриеска-Кочоска: Владата од првиот ден стои во намерата да помогне по трагедијата во Кочани

9 months ago

Популарни Вести

  • Новогодишна радост за најмладите во Пустец благодарение на МАЕИ и „Ротари клуб“ Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Антитерористичка офанзива во Турција: Приведени 357 осомничени за поврзаност со ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МБИ10 со благ пад од 0,14%, без активности на обврзничкиот пазар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Грабеж во Германија: од трезор на банка исчезнале околу 90 милиони евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Епл со важно предупредување до корисниците на Ајфон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.