Tuesday, December 30, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Рама најавува производство на оклопни возила и борбени дронови во Албанија

by Redakcija
30.12.2025
in Балкан

Албанскиот премиер Еди Рама најави дека Албанија ќе започне со производство на оклопни возила и борбени беспилотни летала, како дел од планот за зајакнување на одбранбените капацитети на земјата.

На предновогодишната средба со новинарите, Рама истакна дека целта е Албанија да го достигне просекот на земјите-членки на НАТО во однос на финансиската поддршка за одбраната. Тој посочи дека оваа година Албанија е опремена со ракетен систем „Џавелин“, три патролни бродови од Италија и радари за воздушен надзор во соработка со Франција.

„Главната амбиција е Албанија да произведува воени капацитети не само за сопствени потреби, туку и за извоз. Оваа година е историска за нашата армија, бидејќи се поставени темелите на одбранбената индустрија ‘Произведено во Албанија’“, рече Рама.

Премиерот додаде дека е создадена државна компанија која има партнерства со локални и странски фирми за производство на муниција, амбулантни и полициски патролни возила.

„Ќе произведуваме борбени дронови и системи против дронови. Првите нарачки се веќе направени, а во првите шест месеци од 2026 година ќе бидат видливи и првите производи. Истовремено, продолжуваме да работиме на проекти за поморската и воздухопловната индустрија“, додаде Рама.

Тој истакна и дека Албанија денес е една од земјите со највисок капацитет за кибер одбрана во регионот.

Next Post

Пукање во Будва – полицијата го блокира градот, едно лице загинато

Јавниот превоз во Тетово станува бесплатен за граѓаните

Препорачани Вести

Каков срам! Погледнете што направи Трамп кога помина покрај жената на својот соработник [ВИДЕО]

Каков срам! Погледнете што направи Трамп кога помина покрај жената на својот соработник [ВИДЕО]

9 months ago

Коњановски: Продолжуваме уште посилно за Битола

4 months ago

Популарни Вести

  • Нов студен бран во Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Договор за градба завршил со измама: жител на Македонски Брод оштетен за 43.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Засилени инспекциски контроли во декември: 26 угостителски објекти затворени, изречени казни од 45 илјади евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новогодишен возен ред во Скопје: еве како ќе сообраќа јавниот превоз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хаос на граничен премин: Долги редици возила поради пад на системот на грчката страна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.