Турските безбедносни сили спроведоа масовна антитерористичка операција во која беа приведени 357 лица осомничени за поврзаност со Исламска држава, соопштија надлежните институции. Акцијата била реализирана еден ден по вооружен инцидент во северозападниот дел на земјата, при што животот го загубија тројца полицајци и шестмина припадници на ИД.
Министерот за внатрешни работи Али Јерликаја информира дека рациите биле извршени во 21 провинција низ Турција, како дел од засилените мерки за спречување на терористички активности.
Според властите, безбедносните служби ги зголемиле активностите во пресрет на новогодишните празници, поради разузнавачки информации за можни напади од страна на Исламска држава.
Претходно, на 25 декември, полицијата во Истанбул изврши рации на 124 локации, при што беа приведени 115 осомничени. Во тие акции беше запленето оружје и муниција, а според информациите, групата планирала напади за време на празничниот период.









![Историски момент: Егејската бригада во ослободена Битола [ФОТО]](https://bulevar.mk/wp-content/uploads/2025/08/527738732_1198002392343558_6151663204488702736_n.jpg)
