Wednesday, December 31, 2025
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

САД со нови предупредувања за патување: Македонија и Хрватска во групата земји со зголемен безбедносен ризик

by Redakcija
31.12.2025
in Македонија

Американскиот Стејт департмент објави ажурирана мапа со предупредувања за патување за земјите низ светот, со цел да им обезбеди на американските граѓани појасна слика за безбедносните услови при меѓународни патувања во пресрет на 2026 година.

Според анализата, која ја пренесува и „Њузвик“, земјите се поделени во четири нивоа на ризик, при што се земаат предвид фактори како криминал, тероризам, граѓански немири, пристап до здравствена заштита, природни катастрофи и актуелни политички и безбедносни состојби.

Северна Македонија формално е вклучена во првата категорија, која подразбира примена на вообичаени мерки на претпазливост и се смета за најниско ниво на ризик. Во оваа група се и земји како Канада, Јапонија, Норвешка, Швајцарија, Португалија и други. Сепак, во рамки на оваа категорија, Македонија заедно со Хрватска е означена како земја со повисок безбедносен ризик, поради одредени безбедносни фактори.

Во втората категорија, каде што на Американците им се препорачува дополнително внимание, се наоѓаат земји како Албанија, Србија, Франција, Германија, Италија, Шпанија и Обединетото Кралство, при што дел од нив се дополнително означени како земји со висок ризик.

Третата категорија опфаќа дестинации за кои се препорачува повторно преиспитување на патувањето, меѓу кои се Непал, Танзанија и Уганда, додека четвртата и најризична категорија вклучува земји во кои се советува воопшто да не се патува, како Авганистан, Русија, Иран, Сирија, Украина и Венецуела.

Американските власти наведуваат дека овие предупредувања треба да им помогнат на патниците подобро да ги планираат своите патувања и да бидат информирани за можните ризици по личната безбедност.

Next Post

Празничната магија продолжува: Новогодишниот воз сообраќа и во првите денови од јануари

Една лиценца користена во 16 клубови: Кривична пријава против фирма од Кадино

Препорачани Вести

Откажан концертот на Канје Вест во Јужна Кореја поради контроверзии

Откажан концертот на Канје Вест во Јужна Кореја поради контроверзии

8 months ago

Меџити: „Модерна инфраструктура за стабилна вода за пиење во Чаир“

4 months ago

Популарни Вести

  • Безбедна новогодишна ноќ: Лекари и пожарникари со клучни совети за празниците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонци и Срби должат милиони во Ќустендил: откриена шема со „фантомски“ камиони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – Празнична порака од Коњановски: Радост, светлина и големи проекти за Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мерц во новогодишна порака: Рускиот напад врз Украина е закана за цела Европа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Снежна идила во Берлин во пресрет на Новата година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.