На 04.01.2026 во 02:50 часот на ул.„Илинденска” во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ги лишија од слобода Б.Т.(24), А.Р.(23) и Б.Х.(26), тројцата од Тетово, затоа што кај нив е пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот ќе им биде изготвен соодветен поднесок.









