Connect with us

Инфо +

48 позиции во „Борис Трајковски“ од 08 до 20 часот по 5.000 лица дневно ќе се вакцинираат

Published

on

Се финализираат подготовките на салата „Борис Трајковски“ каде ќе се врши масовна вакцинација.

Подготвени се вкупно 48 позиции за истовремено вакцинирање и капацитет да се вакцинираат околу 5000 граѓани дневно.

Согласно планот ќе се работи во две смени од 08:00 до 20:00 часот.

Image

Во текот на вчерашниот ден вакцинирани се 730 граѓани на пунктовите низ државата. Дневно од 30 до 55 лица се вакцинирале во еден пункт. Според податоците на Националниот систем „Мој Термин“, голема е заинтересираноста на граѓаните над 77 години кои од вчера почнаа да се вакцинираат, односно само два отсто од граѓаните кои имале закажано термин не ја примиле вакцината, соопшти Министерството за здравство.

Вакцинацијата на лицата кои спаѓаат во 1б групата стартуваше вчера во поликлиниките „Јане Сандански“, Чаир и Букурешт во Скопје, во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци.

Свет

Крајот на војната се ближи? Трамп најави детали во рок од три дена

Published

on

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека во рок од три дена ќе ги објави сите детали за можниот мировен договор што САД го предлагаат во обид да се стави крај на конфликтот меѓу Русија и Украина.

„Имавме навистина добри состаноци околу прашањето на Украина и Русија,“ изјави Трамп, дополнувајќи дека договорот би можел да биде постигнат уште оваа недела, со „многу добри шанси“ за успех.

Според извештај на агенцијата „Блумберг“, предлогот на Вашингтон вклучува неколку клучни точки: постепено укинување на санкциите кон Русија во замена за продолжен прекин на огнот, можност за признавање на анексијата на Крим од 2014 година, како и гаранции дека Украина нема да се приклучи на НАТО.

Сега, САД го очекуваат одговорот на Киев. Според најавите, украинскиот став ќе биде соопштен на заеднички состанок со американски и европски претставници, кој ќе се одржи подоцна оваа недела во Лондон.

Continue Reading

Свет

Кина со остро предупредување до Филипините поради воената вежба со САД: “Не си играјте со оган”

Published

on

​Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Гоа Џиаку, денеска изјави дека Кина ги предупредува Филипините да не си „играат со оган“ со одржување заеднички воени вежби со Соединетите Американски Држави.​

Џиаку нагласи дека тие кои се „играат со оган, ќе се изгорат“. Тој истакна дека заедничките воени вежби на САД и Филипините, кои вклучуваат распоредување на стратешко и тактичко вооружување, го поткопуваат регионалниот мир и економскиот развој. ​

Портпаролот повторно ја нагласи позицијата на Кина дека прашањето на Тајван е „внатрешна работа на Кина“. Тој апелираше за воздржаност и почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина.​

Овие изјави доаѓаат во контекст на зајакнување на воената соработка помеѓу САД и Филипините, што предизвика загриженост во Пекинг поради можните импликации за стабилноста во Југоисточна Азија.

Continue Reading

Свет

Објавен тестаментот на папата Франциск – ова е неговата последна желба

Published

on

Папата Франциск ќе биде погребан во базиликата Санта Марија Маџоре.

Ватикан денеска го објави тестаментот и последната на починатиот папа Франциск, во која тој изразил дека не сака да биде погребан во базиликата Свети Петар, каде што почиваат голем дел од неговите претходници, туку во базиликата Санта Марија Маџоре во Рим.

Во својата последна желба, папата Франциск нагласил дека сака неговиот погреб да биде скромен – без посебни украси или церемонии. Над неговиот гроб, според неговата желба, ќе биде поставена едноставна плоча со натпис „Franciscus“.

Дополнително, тој посочил дека веќе се договорил со еден, неименуван, добротвор кој ќе ги покрие трошоците за неговиот погреб, пренесе францускиот весник „Фигаро“.

Да потсетиме, папата Франциск почина по мозочен удар и последична срцева слабост. Официјалната потврда за причината на смртта беше објавена денеска од страна на Андреа Арканџели, директорот на Управата за здравство и хигиена на Ватикан.

Continue Reading
Advertisement
Advertisement

Трендинг

Copyright © 2024 Булевар.мк