четврток, ноември 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Реплек со силен раст од 8% и стратешки инвестиции

by Redakcija
09.01.2026
in Економија
replek

Фармацевтската компанија Реплек ја затвори 2025 година со вкупна продажба од 34 милиони евра, што е за 8% повеќе од претходната година, потврдувајќи ја стабилната позиција на пазарот. Извозот продолжува да биде движечка сила – учествувајќи со околу 75% од приходите – додека домашниот пазар придонел со 25%, односно 8,6 милиони евра, додека приходите од странство достигнале 25,4 милиони евра.

Позитивниот тренд не се ограничи само на продажбата. Консолидираниот профит се очекува да достигне околу 5 милиони евра, што е раст од импресивни 39% во однос на 2024 година, а нето маржата се зголеми од 11,5% на 15%. Овие бројки ја отсликуваат ефективноста на компанијата во управувањето со трошоците и успешната стратегија за освојување на нови пазари.

Годината беше обележана и со значајни стратешки потези. Реплек успешно го имплементираше новиот ERP систем SAP S/4HANA, воведе високо технолошка линија за серијализација и пакување и започна изградба на нов производствен погон за течни и полуцврсти фармацевтски форми. Во исто време, компанијата лансираше девет нови производи и го отвори првото претставништво во Србија и Босна и Херцеговина, каде веќе реализирани првични продажби.

„Резултатите од 2025 година ја потврдуваат силната позиција на Реплек како стабилна фармацевтска компанија со јасна визија за долгорочен раст. Нашата стратегија за континуирани инвестиции, модернизација на производните капацитети и освојување на нови пазари носи конкретни резултати“, истакнува генералниот директор Душан Пецовски. Тој додава дека одржувањето на висок извоз и успешното продлабочување на партнерствата се најсилните индикатори дека компанијата има конкурентни производи што ги исполнуваат највисоките меѓународни стандарди.

Во однос на акционерите, Реплек продолжи со континуираната дивидендна политика, исплатувајќи 400 денари бруто по акција – што е за 33% повеќе од претходната година. Компанијата останува дел од индексот МБИ 10 и беше прогласена за најтранспарентна компанија од Македонската берза.

Со присуство на 25 пазари и амбиција да се прошири на 40, Реплек гледа кон новите можности во регионот и пошироко. Компанијата има јасен план за освојување на 15 дополнителни пазари, со цел да обезбеди одржлив раст, повисока ефикасност и долгорочна вредност за акционерите, оставајќи ја позицијата на стабилен и конкурентен играч во фармацевтската индустрија.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Во рамките на Глобалната недела на претприемништвото: Европската бизнис асоцијација ги поврза студентите со бизнис приказните

18.11.2026

Божиновска: Повеќе извори на снабдување и посилна регионална соработка за енергетска безбедност

18.11.2026

Македонија меѓу земјите со важни наоѓалишта на критични минерали, ЕУ ја препознава стратешката вредност на бакарот

18.11.2026

Макстил ја подобри заработката во третиот квартал, но деветмесечната добивка остана пониска за 27,8%

18.11.2026

„Со свои раце, создадено со љубов“: 17-тото издание на Фестивалот на младо вино на „Тиквеш“ ги обедини луѓето и винската традиција

17.11.2026
ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

Божиновска: Во Варшава ќе ги претставиме приоритетите за енергетска безбедност на Македонија

18.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

АХВ утврди неправилности и кај месните производи

АХВ утврди неправилности и кај месните производи

6 месеци ago

Временска прогноза: Македонија денес под сонце и температури до 26°C

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Пред повеќе од 2.000 години во Битола се мерело времето со сончев часовник: Камен открива неверојатна историја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп за 19 ноември 2026 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО – „Црвена река“ од милиони ракови: Почна необичната преселба на Божиќниот Остров

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Замор, трнење и заборавеност: Недостигот на витамин Б12 може да личи на знаци на стареење

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Возачите не внимаваат на зимската замка во која често паѓаат: Светилката на инструмент-таблата нема да ве предупреди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.