вторник, јуни 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Американски морнар осуден на 16 години затвор за шпионажа во корист на Кина

by Redakcija
13.01.2026
in Свет

Федерален суд во Сан Диего го осуди 25-годишниот припадник на американската морнарица Јингчуо Веи на 200 месеци затвор, откако поротата го прогласи за виновен по шест кривични дела, меѓу кои и шпионажа. Тој добил повеќе од 12.000 долари за доверливите информации што ги продавал, соопшти Министерството за правда на САД, а пренесе Еј-Би-Си Њуз.

Веи, кој работел како инженер на амфибискиот јуришен брод „УСС Есекс“, беше уапсен во август 2023 година како дел од истрага за доставување чувствителни воени податоци на кинески разузнавачки структури. Во истиот случај беше обвинет и Венхенг Цао, кој во 2024 година беше осуден на повеќе од две години затвор откако се изјасни за виновен за заговор и примање поткуп.

Според обвинителството, Веи бил регрутиран во 2022 година преку социјалните мрежи од лице кое се претставувало како љубител на поморството и вработен во кинеска државна корпорација за бродоградба, а всушност било разузнавачки офицер. Иако самиот се сомневал во неговиот идентитет и бил предупреден од пријател, Веи продолжил да комуницира со него преку шифрирани апликации.

Во период од околу 18 месеци, тој испраќал фотографии и видеа од „УСС Есекс“, информации за локацијата на американски воени бродови, како и податоци за одбранбените системи на пловилото. Покрај тоа, продал околу 60 технички и оперативни прирачници, кои содржеле чувствителни информации за контрола на оружје, авиони и палубни системи.

Американските власти предупредуваат дека ваквите случаи се дел од поширока закана од странска шпионажа, особено од страна на Кина, која, според нив, со години се обидува да дојде до доверливи воени и технолошки податоци.

Во писмо до судот, Веи изразил каење, наведувајќи дека не требало да споделува информации со лице што го сметал за пријател, додавајќи дека неговата осаменост и интровертност лошо влијаеле на неговата проценка.

Related Posts

Македонските и регионалните превозници втор ден ги блокираат границите

Од 1 јули нови правила за превозниците во ЕУ

23.06.2026

ВИДЕО: Експлозија на плинска боца во куќа – сопствениците за влакно избегнаа трагедија!

23.06.2026

Стармер поднесе оставка од функцијата премиер и лидер на Лабуристите

22.06.2026

Голема експлозија во Катар ја потресе гасната индустрија, има повредени и исчезнати

22.06.2026

Полскиот екс-премиер: Украина да ги врати тенковите што ги доби од Полска

21.06.2026

ВИДЕО: Пожар во луксузен ресорт остави само пепел

21.06.2026

Препорачани Вести

Трамп со закана до Иран: „Ќе ги бомбардираме до смрт ако не потпишат договор“

2 недели ago

НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА ДЕНЕС: Регулаторна одлучува за новата цена среде нестабилен нафтен пазар

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Трагедија во Велес: Пешак загина по удар од камион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • УСТАВНО-СУДСКАТА ПРАКСА ЈА ПОТВРДУВА ПОСЕБНАТА УЛОГА НА ДРЖАВАТА ВО ОРГАНИЗИРАЊЕТО НА ИГРИТЕ НА СРЕЌА

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Инвестициите и иновациите се двигател на енергетскиот сектор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТИТАН Усје: Како прва компанија со А-интегрирана еколошка дозвола остануваме посветени на највисоките стандарди во интерес на заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиерот Мицкоски се прости од градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски: длабока тага и сочувство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.