понеделник, јуни 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Македонија обезбеди една милијарда евра со најниски каматни стапки во две децении

by Redakcija
16.01.2026
in Економија, Топ Вести

Македонија ја издаде најголемата еврообврзница на меѓународниот пазар по мошне поволни услови, подобри од претходните емисии на вакви хартии од вредност – смета финансискиот аналитичар и професор по меѓународни финансии во Лондон, Милош Старовиќ. Тој вели дека ова е голем успех за Македонија која не е членка на Европската Унија и не е дел од Еврозоната. Министерството за финансии, според него, донело добра одлука за структурата на долгот и рочноста на еврообврзниците од 4 и посебно онаа од 8 години.

Голем успех е тоа што Македонија издаде еврообврзница на стартот на годината. За финансискиот аналитичар Милош Старовиќ, времето на задолжување со еврообврзница во јануари во геополитички нестабилна година каква што не очекува е клучно. Моментумот бил искористен најадекватно, бидејќи тешко се предвидувале промените на  условите на меѓународните пазари.

Македонија пред два дена успешно ја издаде новата 10-та по ред еврообврзница во две транши од по 500 милиони евра или вкупно една милијарда евра. Првата е со помала рочност од 4 години и каматна стапка од 3,875%, а другата е издадена на 8 години со каматна стапка од 4,75% што според надлежните се најниски каматни стапки согласно пазарните услови. Постигнатата рочност од 8 години и нискиот каматен ризик се за првпат издејствувани во изминативе две децении. Министерката за финансии е задоволна од огромниот интерес на инвеститорите чија побарувачка во еден момент достигнала и 4 милијарди евра. Со овие пари ќе се покрива дефицитот, но и ќе се враќа евроонврзницата од 700 милиони евра од 2020-та година. Претходната влада со неколкуте задолжувања на краток рок го зголеми притисокот за враќање огромни долгови за само неколку години. Пресметките покажуваат дека управувањето со јавните финансии треба да биде крајно внимателно бидејќи во следните 5 години за враќање достасуваат долгови од 8,8 милијарди евра.

Related Posts

Проданоски: Мариовско-мегленските културни средби четири децении ја чуваат традицијата и идентитетот на Мариово

28.06.2026

Евростат: Македонија убедливо најевтина во Европа –  Кошничка од 100 евра во ЕУ кај нас чини само 49,7 евра

28.06.2026

Македонија најевтина земја во Европа според Евростат

27.06.2026

Комуналец Прилеп: Паркот на Могилата блеска во полн сјај

27.06.2026

Охрид повторно наздрави на втората вечер од Ohrid Wine Festival Vol. 5

27.06.2026

ВИДЕО – Проданоски: Прилеп знае да ги цени своите најуспешни ученици

27.06.2026

Препорачани Вести

Првата седница на Советот за иновации во Владата

Првата седница на Советот за иновации во Владата

4 месеци ago
pari

Маж од Тетово измамен за 2.230 евра

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Земјотрес почувствуван во тетовскиот регион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина Владо Јаневски – Македонија остана без еден од своите најголеми музички уметници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почина легендата на македонската музика Владо Јаневски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да го поддржиме тетовецот Давид Грујевски во финалето на „Хајп Ѕвезди“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава за стружанка: Децата ги оставала да спијат во автомобил додека била на работа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.