среда, август 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

МВР со предупредување до граѓаните

by Redakcija
16.01.2026
in Македонија

Не отварајте сомнителни линкови и пораки и не споделувајте лични податоци

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници и пораки на социјалните мрежи. Пораките обично изгледаат како да доаѓаат од доверливи извори, како банки, државни институции, реномирани компании, но имаат за цел да ги измамат корисниците и да ги обезбедат нивните лични или финансиски податоци. Најчести се лажните СМС пораки за пристигнати пратки од пошта, а главната цел е да се приберат личните податоци на примателот или да се натера да посети лажна веб-страница преку која со оставање на неговите лични податоци може да се предизвикаат дополнителни злоупотреби на истите. За ваков вид на измами изминатава година до Секторот за компјутерски криминал има пристигнато над 50 пријави.
Апелираме до граѓаните да бидат внимателни при користењето на интернет, да не се отвараат сомнителни линкови и пораки, никогаш да не споделуваат лични податоци, како што се броеви на банкарски картички, лозинки или лични идентификатори преку неовластени канали, да ја проверат адресата на испраќачот – официјалните институции и компании користат службени домени, да користат двофакторска автентикација (2FA) за дополнителна заштита на нивните сметки и да пријават сомнителни пораки кај надлежните институции или во надлежната банка.
Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи продолжува со активни истраги и преземање мерки за откривање и санкционирање на сторителите на ваков вид измами.

Related Posts

Во домовите за стари лица се оставени речиси 10 милиони евра за една година, колкав е нивниот профит?

12.08.2026

Гужви на границите Еве колку се чека за излез од Македонија

12.08.2026

Пеколни 40 степени денеска во Македонија

12.08.2026

Македонија утре под портокалов аларм: температурите ќе достигнат до 40 степени

11.08.2026

15 пожари избувнаа низ Македонија, два сè уште се активни

11.08.2026

МВР со итно предупредување: Не кликајте на линкови од лажни пораки за казни од „Безбеден град“

11.08.2026

Препорачани Вести

Тешка сообраќајна несреќа во Скопје – загина младо момче

5 месеци ago
Во третиот организиран лет, 109 македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток

Во третиот организиран лет, 109 македонски државјани евакуирани од Блискиот Исток

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Интервентната полиција во акција: Скопјанец приведен со револвер и куршуми

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во домовите за стари лица се оставени речиси 10 милиони евра за една година, колкав е нивниот профит?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гужви на границите Еве колку се чека за излез од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пеколни 40 степени денеска во Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • На денешен ден започнала офанзивата врз Крушево: 15.000 османлиски војници тргнале кон Крушевската Република

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.