Формирана е комисија што ќе го испита случајот со завеаниот овчар во Кратовско вели Ангелов. Скопје, 5 април 2021 (МИА) – Формирана е петчлена комисија која детално ќе го испита случајот со завеаниот овчар во Кратовско и ќе утврди дали постојат пропусти и слабости кај Центарот за управуавње со кризи или во другите институции. Ќе утврдат каде точно се пропустите и слабостите, за тие да бидат надминати во иднина. Не сакаме и нема да дозволиме во иднина, никогаш наш сограѓанин да се најде во ваква ситуација, изјави денеска на прес-конференција Стојачне Ангелов, директорот на Центарот за управување со кризи.
Оперативецот на ЦУК од Кратово, нагласи Ангелов, бил фокусиран на барањето за наоѓање теренско возило – џип, па дури и трактор со кој би можело да се отиде до местото, и во ниту еден момент од лекарскиот тим што бил на лице место од него не било побарано да обезбеди хеликопер. Доколку, според Анеглов, од оперативецот било побарано да обезбеди хеликоптер, тој тоа барање ќе го проследел до него и за кратко време би бил обезбеден хеликоптер.
– Имаме доволно хеликоптери, кои што би учествувале во една ваква спасувачка мисија. Како директор на ЦУК имам директна комуникација со врховниот командат на Армијата, со претседателот Стево Пендаровски од каде што, од порано ми е посочено дека, доколку ни е потребно во секој момент може да сметаме на хеликоптер. Исто, во постојана комуникација сум и со министерот за одбрана, како и со началникот на Генералштабот на Армијата, рече Ангелов.
ЦУК, посочи Ангелов, постои да им служи на граѓаните кога им е најтешко и кога нивниот живот е доведен во опасност и нивното здравје е загрозено.
– Оперативецот на ЦУК од Кратово ги презел сите потребни мерки. Откако бил информиран дека во конкретното село се наоѓа човек на кој му се пружа брза помош и истиот е во животно загрозувачка состојба и треба итно да биде извлечен од селото, тој веднаш се јавил во полиција и го известил надлежното лице. За жал, во полицијата немале соодветно теренско возило со кое можеле да стигнат на лице место, но се понудиле да отидат неколку посилни полицајци да помогнат во извлекувањето. Оперативецот, потоа се јавил и во Противпожарната заштита, од каде го добил истиот одговор. Се јавил и во ЈП „Македонски шуми“, потоа и на директорот на ЕВН во Кратово, а на крај се јавил и на директорот на Јавното комунално претпријатие Кратово, од каде најпрво добил надеж дека ќе биде обезбедено такво возило, но тоа не било обезбедено, појасни Ангелов.
Запрепастувачки е фактот, нагласи тој, дека во цела општина не можело да се најде теренско возило, кое ќе отиде на лице место и ќе помогне во извлекување на животно загрозениот пациент.
– Оперативецот на ЦУК од Кратово бил фокусиран на наоѓање теренско возило, но во ниту еден момент од него не било побарано да обезбеди хеликоптер. Според стандарнди оперативни процедури тој не е обучен во ваква ситуација да носи одлука дали треба или не треба хеликоптер. Сепак, како ЦУК овде пронаоѓам една наша слабост, која во иднина ќе биде променета. Тие стандардни оперативни процедури ќе бидат променети и секогаш, во каква било ситуација, кога ќе имаме загрозен живот или сериозно загрозено здравје на било кој наш граѓанин и на било кое место, како ЦУК ќе се погрижиме да испратиме хеликоптер за извлекување, нагласи Ангелов.
Ангелов, исто така, упати честитки на тимот од Брзата помош за покажаната храброст и пожртвуваност, особено на доктор Павле Зафиров.
– Ќе разгледаме предлагање за одликување на тројцата членови на тимот кој што го извлекоа животно загрозениот болен пациент, изјави Ангелов.
Претходно, Ангелов укажа дека проодноста на патиштата, спаѓа под надлежност на локалната самоуправа и ги повика сите градоначалници повеќе внимание да посветат на проодноста на патиштата до секое населено мести, без разлика во него живеат илјадници луѓе или само еден човек. МИА МК
Имано доктор Зафиров кој ја објави случката со своите колеги на раце го носеле замрзнатиот овчар пет часа затоа што институциите одбиле да помогнат затоаа што биле ненадлежни како што вели тој.
Тошковски најавува: „Сејф Сити“ ќе испраќа фотографии, а толеранцијата на брзината ќе биде усогласена со ЕУ стандарди
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во интервју за Прес 24 изјави дека во тест фазата на проектот „Безбеден град“ намерно не се применува толеранција за прекршоци, со цел прецизно да се потврди техничката исправност и стабилноста на системот. Анализата од овој период, нагласи тој, ќе биде основа за воспоставување функционален и сигурен систем кога ќе започне редовната примена.
Според Тошковски, толеранцијата за прекршувања – особено кај мерeњето брзина – ќе биде утврдена при стартот на редовната работа и ќе биде усогласена со европските стандарди. „Целта не е санкционирање на минимални прекршоци, туку спречување опасни однесувања кои можат да резултираат со тешки несреќи и човечки жртви“, истакна министерот.
Тој ја потенцираше и превентивната улога на камерите. Според него, кога возачите знаат дека се под надзор, возат поспоро и повнимателно, со што се намалува бројот на инциденти.
Системот „Безбеден град“ во моментов детектира четири главни прекршоци: возење со прекумерна брзина, поминување на црвено светло, непрописно паркирање и управување со истечена сообраќајна дозвола. Во идните фази се разгледува можност и за евидентирање прекршоци од пешаци, велосипедисти и возачи на електрични тротинети.
Во однос на евидентираните случаи, граѓаните ќе добиваат известување со опис на прекршокот и фотографија од регистарската табличка, додека ликот на возачот ќе биде замаглен. За судска постапка, МВР ќе обезбедува фотографија без замаглување.
„Системот е целосно автоматизиран, независен од човечки фактор и дизајниран за фер и транспарентна постапка“, нагласи Тошковски. Тој додаде дека одговорноста ја носи лицето кое управувало со возилото, а институциите и правните лица се должни да достават доказ кој бил возач во моментот на прекршокот. Во спротивно, одговорноста паѓа врз одговорното лице.
Тест периодот, според министерот, веќе покажал позитивен ефект преку смирување на сообраќајниот динамика. Сите технички недоследности – како препознавање регистарски таблички или неточни контакт-податоци – се коригираат веднаш.
„Ова не е систем за репресија, туку за превенција. Најевтино е да се вози по правила, а најскапо е да се изгуби човечки живот“, заклучи Тошковски.
Зеленски најавува мировен план и нови воени способности на Украина
Во итна прес-конференција, украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека утре ќе му презентира на Доналд Трамп нов мировен план, кој моментално се финализира заедно со европските партнери.
Зеленски потенцира дека Украина не преговара со Русија, бидејќи Москва не покажува никаква заинтересираност за дијалог.
Тој исто така истакна дека Украина е подготвена за енергетско примирје, но само ако и Русија е подготвена за таков чекор.
Во рамките на воените активности, Зеленски објави дека Украина веќе ја користи Сапсан ОТРК со балистички ракети и дека се распоредуваат и ракетите Лонг Нептун, Паляница, Фламинго и Сапсан.
Брисел подготвува строги казни за мигрантите – земјите-членки под притисок
Брисел – Земјите-членки на Европската унија се подготвуваат да поддржат значително заострување на миграциската политика, вклучувајќи воспоставување „центри за враќање“ на мигранти надвор од територијата на ЕУ.
Министрите за внатрешни работи денеска во Брисел ќе гласаат за предлозите на Европската комисија, кои предвидуваат построги казни за мигранти со одбиени азилски барања, враќање во „безбедни земји“ и принудно напуштање на територијата на ЕУ. Дополнително, пакетот вклучува распределба на најмалку 30.000 баратели на азил меѓу земјите-членки, при што земјите што нема да примаат мигранти ќе плаќаат по 20.000 евра за секое лице.
И покрај намалувањето на нелегалните влегувања за околу 20% оваа година, европските влади се под притисок да преземат акција, особено поради растот на крајнодесничарските партии. Данска и неколку други земји силно го поддржуваат пакетот, додека Франција и Шпанија го доведуваат во прашање легалитетот и ефективноста на предложените мерки.
Активистите предупредуваат дека новите мерки можат да го зголемат ризикот и правната неизвесност за мигрантите, додека ЕУ се обидува да постигне компромис до крајот на годината во услови на политички чувствително прашање.