Friday, January 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Газдата на барот што изгоре во Швајцарија ослободен со кауција 

by Redakcija
23.01.2026
in Свет

Судот одреди кауција од 200.000 швајцарски франци и секојдневно јавување во полиција за сопственикот на барот „Le Constellation“, кој заедно со сопругата е под истрага за убиство од небрежност по пожарот во кој загинаа 40 лица.

Сопственикот на швајцарскиот бар кој изгоре за Нова година ќе биде пуштен на слобода откако ќе биде платена кауција, соопшти денес надлежниот суд. Во трагичниот пожар загинаа 40 лица, а повеќе од 100 се повредени, пишува Ројтерс.

Жак Морети и неговата сопруга Џесика се под истрага поради сомнение за извршување на повеќе кривични дела, меѓу кои и убиство од небрежност.

Морети беше приведен на 9 јануари поради опасност од бегство. Двајцата изразиле жалење поради трагедијата и ветиле соработка со обвинителството.

Како мерки за спречување бегство, судот одреди кауција во износ од 200.000 швајцарски франци (253.485,42 американски долари) и обврска за секојдневно јавување во полициска станица, се наведува во соопштението.

Швајцарските обвинители претходно денес информираа дека спровеле две сослушувања со сопствениците на барот, кои во моментов се единствени осомничени во случајот.

Секое сослушување траело повеќе од десет часа и опфатило прашања поврзани со безбедноста и преуредувањето на барот „Le Constellation“. Обвинителството соопшти дека биле наложени и претреси, биле собрани докази и запленет имот.

Извор: Слободен Печат

Next Post

Пожар кај Тутунски комбинат во Скопје – брзата реакција спречила катастрофа

Измама во Скопје: Странец останал без пари за документи за престој

Препорачани Вести

Ризик за здравјето: Овие две намирници никако не треба да ги подгревате

Ризик за здравјето: Овие две намирници никако не треба да ги подгревате

9 months ago
Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта

Унгарската полиција ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта

7 months ago

Популарни Вести

  • Омерагиќ во посета на ФК Струга ТЛ за време на подготовките во Анталија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полицијата разби дилерска мрежа – МВР со детали за настанот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Намалена видливост поради магла на повеќе патни правци низ државата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетово неподготвено за системот „Safe city“?! – На улиците недостига соoбраќајна сигнализација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бериша со остра порака до Рама пред најавениот опозициски протест во Тирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.