четврток, март 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Романија ја затвори вратата за обединување: Крај на шпекулациите за приклучување на Молдавија кон ЕУ преку Букурешт

by Redakcija
24.01.2026
in Балкан

Изјавата на претседателката на Република Молдавија, Маја Санду, дека би гласала за обединување со Романија доколку се одржи референдум, предизвика бурни реакции во јавноста и отвори нова политичка дебата во двете земји.

Санду во неодамнешно гостување во подкаст изјави дека лично би го поддржала приклучувањето на Молдавија кон Романија, што индиректно би значело и влез во Европската Унија. Нејзините зборови наидоа на силни критики, особено во Молдавија, каде дел од јавноста смета дека ваквиот пристап ја доведува во прашање државната самостојност на земјата.

Контроверзите дополнително се продлабочија поради тврдењата дека актуелната власт во Кишињев, по спорни избори и со значителна поддршка од молдавската дијаспора во Западна Европа, настојува да го забрза европскиот пат на земјата преку идејата за обединување со Романија.

На ваквите најави остро реагираше романскиот претседател Никушор Дан, кој јавно ја отфрли можноста за организирање референдум за обединување. Говорејќи во Фокшани, за време на одбележувањето на Денот на обединувањето на романските кнежевства, Дан истакна дека таква иницијатива нема основа без јасна и недвосмислена волја од граѓаните на Република Молдавија.

– Нема причина за тоа сè додека нема волја во Молдавија – изјави Дан, нагласувајќи дека Романија има обврска да ја поддржува Молдавија на нејзиниот европски пат, но и да ја почитува волјата на нејзините граѓани.

Романскиот претседател додаде дека Букурешт ќе продолжи со поддршката во клучни области како енергетиката, економската соработка и инфраструктурната поврзаност, но конечната одлука за иднината на државата мора да ја донесат самите граѓани на Република Молдавија.

– Доколку во одреден момент нивниот став се промени, Романија ќе постапи соодветно – порача Дан, ставајќи јасна граница на актуелните шпекулации за обединување.

Related Posts

Силен земјотрес ја потресе централна Грција

12.03.2026
48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре

48 часа целосен прекин на сообраќајот на источната обиколница во Солун од утре

12.03.2026
Снабдувањето со гас на Балканот под удар: Украина го нападна гасоводот „Туркстрим“

Снабдувањето со гас на Балканот под удар: Украина го нападна гасоводот „Туркстрим“

12.03.2026
Пицула: Процесот на проширување на ЕУ не смее да забави

Пицула: Процесот на проширување на ЕУ не смее да забави

11.03.2026

Веб-страницата на албанскиот парламент преземена од ирански хакери

10.03.2026
Турција ја засилува противвоздушната одбрана: Системот „Патриот“ распореден поради заканите од Иран

Турција ја засилува противвоздушната одбрана: Системот „Патриот“ распореден поради заканите од Иран

10.03.2026

Препорачани Вести

Македонија се искачи на 15. место на ЕХФ ранг-листата по Еуро 2026

Македонија се искачи на 15. место на ЕХФ ранг-листата по Еуро 2026

1 месец ago
Иранците маршираат за поддршка на Моџтаба Хамнеи, новиот врховен водач

Иранците маршираат за поддршка на Моџтаба Хамнеи, новиот врховен водач

2 дена ago

Популарни Вести

  • Како функционира Блокчејн технологијата, дигиталниот синџир на податоци?

    Како функционира Блокчејн технологијата, дигиталниот синџир на податоци?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вкупен промет од 17,63 милиони денари, притисок кај Стопанска банка и Тетекс, ОМБ непроменет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јапонската амбасада организираше прв бизнис-семинар за поврзување на македонските и јапонските компании во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали култниот филм „Кум“ е инспириран од македонскиот олигарх Данчо Шутурков?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Wolt освои три награди на eCommerce Awards 2025 во Македонија, уште пред да одбележи една година присуство на пазарот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.