среда, август 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Муцунски: Брисел повторно турка средба со Бугарија, Македонија подготвена за дијалог

by Redakcija
27.01.2026
in Македонија
timco mucunski

Европската агенда на земјава повторно е во фокусот на дипломатските иницијативи од Брисел, откако во изминатите денови била обновена идејата за средба меѓу Македонија и Бугарија, со цел деблокада на евроинтегративниот процес. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во телевизиско гостување посочи дека Владата останува целосно отворена за дијалог, но предупреди дека без подготвеност и од другата страна, решение не е можно.

Муцунски нагласи дека паралелно со дипломатските напори, фокусот на земјава е ставен на внатрешните реформи, што, како што рече, веќе добива позитивни сигнали од Европската Унија. Акцискиот план за заштита на малцинствата, според него, бил поздравен од повеќе земји членки, што претставува охрабрување дека државата се движи во правилна насока. Сепак, клучниот проблем останува – недостигот од суштински дијалог со Софија за најчувствителните прашања.

Министерот откри дека уште во декември имало сериозни напори од страна на неколку влијателни земји од ЕУ и од европското раководство за организирање средба меѓу него и неговиот бугарски колега. Македонската Влада, како што рече, била подготвена и оставила на Брисел да го утврди терминот, но од Софија изостанала согласност. Истата иницијатива, според Муцунски, повторно е активирана деновиве.

„Ние сме подготвени во секој момент да седнеме на маса и да ги изложиме нашите аргументи – да зборуваме отворено за нашите грижи и за стравот дека и по евентуалните уставни измени, државата повторно може да се соочи со блокади поврзани со идентитетот, историјата и јазикот“, истакна Муцунски. Тој додаде дека посебно важно прашање е и неприменувањето на пресудите на Европскиот суд за човекови права кои се однесуваат на Македонците во Бугарија.

Според него, примерите на соработка, како што е напредокот околу Коридорот 8, покажуваат дека двете земји можат да постигнат резултати кога постои волја. Но, за вистинско решение, како што нагласи, се потребни „двајца, добра верба и разговор во духот на европските вредности“. Македонската страна, вели тој, е подготвена за дијалог без разлика на исходот од изборите во Бугарија.

Муцунски посочи дека во разговорите со европските партнери постојано се бараат креативни начини за излез од ќор-сокакот, но дел од тие идеи засега не може да ги сподели јавно, бидејќи би биле однапред отфрлени. Она што е јасно, нагласи тој, се црвените линии на државата: запирање на националните отстапки кои навлегуваат во идентитетските обележја и обезбедување европски третман за македонските малцинства надвор од границите, особено во земјите членки на ЕУ.

Министерот оцени дека однесувањето на Софија кон Акцискиот план за малцинствата е некоректно, што, според него, делумно може да се поврзе со внатрешниот изборен процес во Бугарија. Сепак, заклучи дека Македонија мора да продолжи по својот пат – со забрзани реформи, европеизација на општеството и исполнување на меѓународните обврски, но и со активна улога во обидите да се надмине спорот што ја држи земјата заглавена на патот кон ЕУ.

Related Posts

Проданоски: Формираме Комисија за проценка на штетите од невремето во прилепско (ВИДЕО)

25.08.2026
Гори на пет локации низ Македонија – еден пожар под контрола, три изгаснати

Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци, огнот се прошири и во околината

25.08.2026

Вештакот Марковски: Објектот бил безбеден во 2012 година, сопственикот требало да бара пренамена во дискотека

25.08.2026

„Гранит“ ќе го гради автопатот Скопје – Блаце, договорот тежок 222 милиони евра

25.08.2026

Муцунски и Саар потпишаа два билатерални документи за унапредување на соработката меѓу Македонија и Израел

25.08.2026

Мицкоски за „Брајтбарт њуз“: Силно го поддржуваме Трамп, сакаме стратешкиот дијалог со САД да донесе конкретни резултати

25.08.2026

Препорачани Вести

Руски ренинг кампови во Србија и БиХ: Паравоени формации обучувани за немири во Молдавија

Руски ренинг кампови во Србија и БиХ: Паравоени формации обучувани за немири во Молдавија

7 месеци ago
makedonska rakometna reprezentacija

Македонската ракометна репрезентација вечерва во дуел со Украина

8 месеци ago

Популарни Вести

  • Проданоски: Формираме Комисија за проценка на штетите од невремето во прилепско (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канада возвраќа на Трамп со нови царини за американската стока

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Голем пожар ја зафати депонијата „Мелци“ кај Кавадарци, огнот се прошири и во околината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) „Спржена земја“ во Украина: Фронтот веќе се гледа од вселената, сателитски снимки покажуваат огромно уништување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мистериозна посета на Москва: Американски воен авион ја напушти Русија, се споменува и директорот на ЦИА Џон Ретклиф

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.