среда, август 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Протест во Нови Сад против новите реформи во судството

by Redakcija
02.02.2026
in Балкан
Протест во Нови Сад против новите реформи во судството

Денес претпладне, пред зградата на Основниот суд во Нови Сад, адвокати, обвинители и судии ќе излезат на протест, револтирани од усвојувањето на контроверзниот пакет закони предложен од пратеникот на Српската напредна странка, Угљеша Мрдиќ.

Законот, кој Парламентот го изгласа на 28 јануари и беше потпишан од претседателот на Србија на 30 јануари, веднаш предизвика бурни реакции. Европската унија веќе предупреди дека законите треба да бидат ревидирани и усогласени со европските стандарди, но Белград ги игнорираше забелешките.

Протестот во Нови Сад не е изолиран случај – дел од белградските судии и адвокати исто така ги прекинаа работните активности, изразувајќи загриженост за независноста на судството. Судскиот синдикат вчера повика на целосен прекин на работа, истакнувајќи дека тоа е уставно и законски оправдан начин за одбрана на владеењето на правото.

Европската комисија, преку официјален Брисел, оцени дека усвојувањето на законот претставува „сериозен застој“ во евроинтегративниот процес на Србија. Во меѓувреме, опозицијата, невладините организации, правните експерти и претставниците на судството остро ги критикуваат законите, предупредувајќи дека тие претставуваат директен обид на извршната власт да го стави судството под контрола.

Една од најспорните последици е фактичкото укинување на Обвинителството за организиран криминал (TOK). Ова обвинителство досега се занимавало со случаи како „Настрешница“, „Генералштаб“ и „Кланот на Вељко Беливук“. Според студентите на Универзитетот во Нови Сад, новите закони го ставаат TOK под директна контрола на главниот обвинител на ВЈО во Белград, Ненад Стефановиќ, што значи дека еден човек ќе одлучува за сите важни случаи.

Студентите ги повикаа граѓаните да се приклучат на протестот, кој ќе започне во 11 часот. Во нивната објава на Инстаграм тие предупредија дека новите законски измени се почеток на „пресметка со слободата на изразување“, со метафората која стана нивно предупредување: „Денеска Лајк, утре рочиште“.

Related Posts

Србија и Косово во нова енергетска блокада: Приштина се жали во Брисел

12.08.2026

Приштина му одговори на Зеленски: „Нашата државност мора да се почитува“

10.08.2026

ВИДЕО: Експлозии одекнуваа во бугарски воен објект, евакуирани 300 работници

10.08.2026

Вучиќ предупредува: „На почетокот сме на голема војна“

10.08.2026

Уапсен сериски пироман во Хрватска: 73-годишник во еден ден предизвикал пет пожари

10.08.2026
(ВИДЕО) Орбан се опушти во Гуча: Труби, ракија, српска музика и дружба

(ВИДЕО) Орбан се опушти во Гуча: Труби, ракија, српска музика и дружба

09.08.2026

Препорачани Вести

Коњановски: Битола оди напред со конкретни проекти и јасна визија

6 месеци ago

Малолетник нападнат и ограбен во центарот на Скопје

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Милошоски: Политички мотивирана група шири паника за исправноста на водата во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Банка со важно известување до клиентите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ПРОФИТОТ НА БАНКИТЕ И КОГА ПАЃА Е БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА, кај секторот трговија има спектакуларен скок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во благ пораст: МБИ10 зголемен за 0,03 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пред 36 години беше осветен еден од симболите на Скопје – Соборниот храм „Свети Климент Охридски“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.