четврток, јули 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Балкан

Србија со реакција на повторното појавување на усташки симболи и антисрпски графити во Хрватска

by Redakcija
03.02.2026
in Балкан
Србија со реакција на повторното појавување на усташки симболи и антисрпски графити во Хрватска

Министерството за надворешни работи на Србија реагираше на новите инциденти со симболи и пораки поврзани со идеологијата од Втората светска војна, кои повторно се појавуваат во Хрватска. Според Белград, овие појави предизвикуваат страв и загриженост, имајќи предвид дека токму таа идеологија донесе масовно страдање на српскиот, ромскиот и еврејскиот народ.

„Јавните собири не смеат да се претворат во сцена за ширење омраза, историски ревизионизам и нетолеранција. Тие треба да бидат прилика за градење меѓусебно почитување и толеранција“, порача српското МНР.

Од министерството потсетија дека трајната стабилност во регионот може да се обезбеди само преку отворен дијалог, меѓусебно почитување и внимателен пристап кон чувствителните делови од заедничката историја. Исто така, Србија го повика Загреб, како членка на Европската унија, активно да придонесува за промовирање на толеранција и подобрување на добрососедските односи.

Повод за соопштението беа неодамнешните јавни настани во Хрватска. На плоштадот „Бан Јелачиќ“ во Загреб, навивачите ја поздравија хрватската ракометна репрезентација по освоената бронза на Европското првенство во Данска, а контроверзниот пејач Марко Перковиќ Томпсон настапи на официјалниот прием организиран од Владата, и покрај забраната од градските власти.

Паралелно со тоа, српските медиуми известија за повторно појавување на усташки симболи и антисрпски графити во селото Глушци, општина Метковиќ, што дополнително ја продлабочува тензијата меѓу двете соседни земји.

Related Posts

Дали се закочи патот на Црна Гора кон ЕУ?

23.07.2026

Невреме со трагични последици во Албанија: Две лица загинаа, тројца се повредени

22.07.2026

Неверојатен подвиг: „Косовскиот Хулк“ држеше два тона на градите и испиша историја

22.07.2026

Утре се пушта во употреба новата делница од автопатот Е65, се поврзуваат Централна Грција и „Егнација“

22.07.2026
Влажни коловози и зимски услови – АМСМ апелира за внимателно возење

Бугарија планира да даде под концесија над 800 километри нови автопати и тунели

21.07.2026

Летување без да го испразните паричникот: На само неколку часа од Македонија ве чека една од најевтините морски дестинации во Европа

20.07.2026

Препорачани Вести

Српска мафијашка пресметка во Шпанија

3 месеци ago
Рубио: САД максимално се залагаат за прекин на конфликтот во Украина

Рубио: САД максимално се залагаат за прекин на конфликтот во Украина

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Мицкоски најавува финализирање на автопатот Кичево-Охрид со домашно финансирање

    Мицкоски: Владата ќе интервенира со дополнителни мерки по новиот скок на нафтата на берзите, анализата во тек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни контроли во Гостивар: Затворени 11 објекти, изречени 30 казни – пронајдена и небезбедна храна

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 1,01 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Новата енергетска стратегија носи чиста енергија и европска интеграцијa

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бизнисмен го оштетил буџетот за 8 милиони денари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.