четврток, септември 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Магазин

Задоволството на вработените е на прво место: dm ги зголеми платите и овозможи дополнителни денови за годишен одмор за сите вработени

by Redakcija
06.02.2026
in Магазин

Компанијата dm drogerie markt ја потврдува посветеноста кон своите вработени со зголемување на бруто-платите во просек за речиси 10 отсто на почетокот на 2026 година. Ова зголемување е знак на благодарност за постојаниот труд и придонесот на сите вработени, како и продолжување на долгогодишната традиција за унапредување на работните услови и создавање стимулирачка средина за професионален и личен развој. Освен зголемувањето на платите, од оваа година се воведуваат и дополнителни денови за годишен одмор – вработените имаат најмалку 22, а најмногу дури 30 дена годишен одмор, во согласност со годините на старост.

„Ние во dm веруваме дека придонесот на секој поединец ја создава силата на нашата заедница и дека долгорочната одржливост на бизнисот се гради преку заедничко дејствување. Сеопфатниот пакет мерки и бенефити е нашиот начин да ја искажеме благодарноста и да потврдиме дека континуирано ги слушаме потребите на вработените. Со тоа создаваме сигурна и стабилна работна средина што го поттикнува професионалниот и личниот развој. Заедно го градиме dm како простор на инспирација, поддршка и меѓусебна грижа, каде што се препознава и вистински се вреднува трудот на секој член од тимот“, изјави Маја Петровиќ Колаковиќ, раководител на секторот за човечки ресурси во dm Србија и С. Македонија.

Освен редовното зголемување на платите, dm на своите вработени им обезбедува и голем број погодности што дополнително го унапредуваат квалитетот на работата и на животот. На вработените им се достапни 13-та и 14-та плата во вид на регрес за годишен одмор и дополнителна плата пред божикните празници, со што се остваруваат 14 плати годишно во полн износ. Од оваа година, на вработените им се на располагање и меѓу 22 и 30 дена годишен одмор, во согласност со годините на старост.

Грижата за добросостојбата на вработените се забележува и преку обезбедувањето проширени систематски прегледи и поддршка за физичкото и менталното здравје преку различни иницијативи и работилници.

dm континуирано вложува во професионалниот развој на вработените преку разновидни обуки и едукации приспособени на различни нивоа на искуство и курсеви по германски јазик, во согласност со барањата на работното место. Приспособливите модели на работа, како што се флексибилно работно време, можноста за работа од дома за позициите што го дозволуваат тоа, како и скратеното работно време во секторот за продажба дополнително придонесуваат за одржување на балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот.

Посебно внимание е посветено на семејството на вработените преку многубројни иницијативи, како што се креативните програми за деца и слободен ден за тргнување на детето во прво одделение.

Во dm, грижата за вработените е составен дел од деловната филозофија. Компанијата останува посветена на создавањето работна средина во која се препознаваат иницијативата, одговорноста и посветеноста, а вработените чувствуваат сигурност, почитување и слобода да бидат свои.

Promotion

Related Posts

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ПРЕСЕЧЕ: Еве до кога ќе ги поместуваме стрелките на часовникот – ќе се укинат летното и зимското сметање на времето!

10.09.2026

Дневен хороскоп за 10 септември: Ѕвездите носат пресврти, важни вести и нови љубовни можности

10.09.2026

Над 90.000 луѓе се јавиле на повикот на Дубаи да дојдат туристи и да ги донесат своите семејства и пријатели

09.09.2026

Македонското знаме го осветли Загреб: Фонтана во боите на Македонија за 8 Септември

09.09.2026

Стрелките повторно се враќаат назад – Ова е датумот

09.09.2026

Херојски потег на 15-годишен битолчанец: Михаил спаси тричлено семејство од давење во Егејското Море

09.09.2026

Препорачани Вести

Драма во угостителски објект во Тетовско: 23-годишник лишен од слобода

8 месеци ago
Москва ја одржува воената парада без прикажување воена техника оваа година

Москва ја одржува воената парада без прикажување воена техника оваа година

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Нов ценовен шок: Нафтата нагло поскапе по ескалацијата на Блискиот Исток

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обвинителството во Хаг побара шестгодишна затворска казна за Хашим Тачи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пред малку е уапсен заменик директор во Македонија – фатен е на дело откако побарал мито од 15.000 евра, ова е неговиот идентитет!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се претставувал како полицаец и запирал возачи со џип: Им земал пари под изговор дека направиле кривично дело

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пустелијата станува технолошки центар – инвестиции од милијарди долари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.