среда, ноември 11, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Трамп го зголеми данокот за Швајцарија по „неприкладен тон“ во телефонски повик

by Redakcija
11.02.2026
in Свет

Американскиот претседател Доналд Трамп откри дека го зголемил царинскиот данок за Швајцарија на 39 проценти, не само поради трговскиот дефицит од 42 милијарди долари, туку и затоа што не му се допаднал тонот на швајцарскиот функционер со кој разговарал.

Во интервју за „Фокс бизнис“, Трамп го објасни инцидентот како „многу личен“ и го нарече еден телефонски повик „контроверзен“. Тој рече дека ја вовел царината од 30 проценти како почетна мерка за да го намали дефицитот, но откако разговорот со претседателката на Федералниот совет на Швајцарија, Карин Келер-Сутер, станал напнат, ја зголемил на 39 проценти.

„Не ми се допадна начинот на кој таа разговараше со нас, па наместо да ги намалам тарифите, ги зголемив“, рече Трамп, додавајќи дека ова решение било „импулсивна реакција“. Клип од интервјуто брзо стана вирален на социјалните мрежи, а корисниците коментираа дека тарифите се користат за „малтретирање на други земји“ и дека мерките се водени од неговото его.

Минатиот месец, Трамп соопшти дека царината ќе се намали од 39 на 15 проценти поради притисок од швајцарските компании, но предупреди дека таа може повторно да се зголеми. Преговарачите на двете земји постигнаа прелиминарен договор во ноември 2025 година, а швајцарските компании се обврзаа да инвестираат 200 милијарди долари во САД до 2028 година.

Сепак, според Трамп, тонот во телефонскиот разговор со Келер-Сутер бил клучен фактор за неговото одлучување, што ја покажа неговата лична и емоционална улога во трговската политика. Швајцарските компании го поздравија намалувањето на царината како начин да се обезбедат рамноправни услови со нивните конкуренти од Европската Унија.

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Киев Индипендент: Сите зборуваат за Трета светска војна. Шведска се подготвува за неа

10.11.2026

САД: Подготвени сме за нов удар врз Иран

10.11.2026

Ескалира мафијашката војна во Рим, ривалските кланови се борат за територија

10.11.2026

Ирански ракети со подолг домет? Што значи одлуката на Техеран за Европа

09.11.2026

ВИДЕО: Активист го фрли германското знаме пред Рајхстагот и постави палестинско

09.11.2026

Краков сака да ги прогласи за почесни граѓани полицајците што го запреа напаѓачот

09.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Руски државјанин осомничен за тројното убиство во Црна Гора

2 месеци ago

Пожар го зафати четвртиот кат на Специјалното јавно обвинителство во Белград

10 месеци ago

Популарни Вести

  • ИНТЕРВЈУ ЗА БУЛЕВАР.МК | Сања Божиновска: ЕУ ги препозна конкретните реформи и резултати во енергетиката

    Божиновска: Македонија дел од светските разговори за климатските промени и енергетската транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Средба Николоски-Сивањанам: Потврда на стратешкото партнерство, силни инвестиции со поддршка на Велика Британија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Србија од 1 јануари се зголемува старосната граница за пензионирање на жените

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • По примерот на ЕУ и Велика Британија, дали Македонија ќе отвори пат за стратешки рударски проекти?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Комерцијална банка со 4,2 милијарди денари добивка пред оданочување, за 1,1% помалку од лани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.