четврток, октомври 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Бесплатен превоз во Тетово од март – ова се условите

by Redakcija
12.02.2026
in Република

Од март годинава, јавниот градски превоз во Тетово ќе биде бесплатен за граѓаните кои немаат неизмирени обврски кон Општина Тетово. Мерката нема да важи за сите, туку само за оние што ги подмириле своите долгови и ќе аплицираат за соодветна картичка.

Градоначалникот Биљал Касами информира дека право на бесплатен превоз ќе имаат граѓаните кои ги имаат регулирано сите обврски кон општината. Аплицирањето ќе се врши дигитално, како за поединци така и за членовите на семејството што живеат на иста адреса. По одобрувањето, картичката ќе се подигнува лично во „Тетово Транспорт“, по што превозот ќе биде бесплатен.

Според директорот Арлинд Пјазити, системот се модернизира и дигитализира, со воведување три типа картички: бесплатна за граѓани без долгови, ученичка картичка и картичка што може да се дополнува за патување. Сите ќе се издаваат преку официјалната апликација на Општина Тетово.

Бесплатниот превоз нема да важи за линијата до Попова Шапка, со оглед дека таа е надвор од градското подрачје, но носителите на картички ќе добијат попуст за оваа релација.

Општината најавува и набавка на пет нови електрични автобуси, како и проширување на линиите кон руралните средини и планинските села во околината на Тетово.

Related Posts

Нова инвестиција во битолскиот водовод: Се реконструира мрежата на „Христо Ботев“

30.09.2026

Планирани прекини на струјата во Брвеница, Теарце и Желино

29.09.2026

Битола и Будва чекор поблиску до збратимување: Коњановски разговараше со Никола Јовановиќ

29.09.2026

Општина Битола ја засилува механизацијата на „Нискоградба“ со нов „HIDROMEK“

29.09.2026

Утре дел од Тетово и Брвеница ќе бидат без струја

28.09.2026

Коњановски: Ален Рустемовски испишува историја, Општина Битола ќе го поддржи со 1 милион денари

28.09.2026

Препорачани Вести

Во повеќе акции во Скопје приведени три лица: Запленета и дрога

4 месеци ago

Ваучерите за инвертер клими се подигаат со брзо темпо – над 50% веќе распределени

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски од Брисел: Ќе разговараме за големите инфраструктурни проекти и европската интеграција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) ШПИОНСКИ СКАНДАЛ ВО СРБИЈА: Уапсени две жени под сомнение дека предавале податоци за припадници на БИА на албанската разузнавачка служба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во раст: МБИ10 зголемен за 2,60 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО | Зеленски: Украина вратила контрола врз 176 квадратни километри во операцијата „Вивалди“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Изгоре механизацијата на стадионот во Арачиново – градоначалникот Беќири: „Никој нема да нè запре, стадионот ќе се изгради“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.