четврток, јуни 4, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Прилеп повторно ќе има Градски дувачки оркестар, дебито за Прочка (ВИДЕО)

by Redakcija
13.02.2026
in Република

По пауза од 10 години, Градскиот дувачки оркестар во Прилеп повторно е во функција. Составен е од околу 15 членови, сите млади и музички образовани, кои се горди што градот повторно ќе има оркестар со кој ќе се пофали на бројните културни манифестации. Дел од нив претходно настапувале и во составот кој згаснал во 2015 година.

„Нашите почетоци беа во оркестарот, настапувавме на многу концерти, вклучувајќи го и јубилејот од 50 години. По замрзнувањето на оркестарот, иницијативата за негово обновување дојде од повеќе музичари од градот, вклучително и поранешни членови“, велат од оркестарот.

Своето деби повторно ќе го имаат на дефилето за време на Карневалот Прочка на 22 февруари. Во моментов подготвуваат маршеви и композиции кои ги свират светски познати оркестри. Оркестарот ќе настапува на државни празници, културни настани и дефилеи, со цел да ја одржува музичката традиција и културниот живот во градот.

Според историските записи, Прилеп имал Градски дувачки оркестар уште во 1909 година, а со текот на годините бројката на оркестри стигнала до три големи состави, кои подоцна се здружиле во еден.

Во иднина, дувачкиот оркестар ќе се користи и како камерен состав, вклучувајќи тематски вечери и евергрин концерти, со цел да стане уште еден препознатлив бренд на Прилеп. Членовите нагласуваат дека се горди што ќе настапуваат повторно и дека репертоарот ќе биде составен од светски познати композиции, достапни за поширока публика.

Видеото може да го погледнете тука

….

Related Posts

Проданоски: Велосипедизмот, културата и младинскиот активизам се вредности што треба да се негуваат

04.06.2026

Коњановски: Се модернизира противпожарната единица во Битола со нови возила

04.06.2026

Коњановски: Битола е меѓу општините што најмногу вложуваат во училишниот спорт и спортската инфраструктура

04.06.2026
Прекин на струја во Шуто Оризари

Дел од Тетово и повеќе села утре ќе бидат без струја

03.06.2026

Бојкоски: Граѓаните директно учествуваат во уредувањето на плоштадот „Гоце Делчев“ во Битола

03.06.2026

ЈКП Водовод Битола: Во тек е реконструкција на внатрешната водоводна мрежа во ОУ „Гоце Делчев“

03.06.2026

Препорачани Вести

Мицкоски во Виена: економија, инвестиции и нов импулс за соработката со Австрија

1 месец ago
Вознемирувачко видео од рускиот напад врз Украина во кој животот го загуби тригодишни дете

Вознемирувачко видео од рускиот напад врз Украина во кој животот го загуби тригодишни дете

2 дена ago

Популарни Вести

  • Франција и Германија со нов план за забрзано приближување на Западен Балкан кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нвидиа го купи стартапот Kumo AI, меѓу коосновачите и Македонецот Вања Јосифовски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Гостиварка лишена од слобода по пријава за напад врз сопругот и оштетување на имот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Љатифи: Со нови интерконекции Македонија станува енергетски центар во регионот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во куќа во тетовско – целосно изгорел објектот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.