петок, октомври 16, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска за Newsmax Balkans: Рекордни инвестиции од речиси 6 милијарди евра за стабилен и зелен енергетски систем

by Redakcija
15.02.2026
in Економија, Топ Вести

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави дека Македонија влегува во најголемиот инвестициски циклус во енергетиката во својата историја, со вредност од 5,7 до речиси шест милијарди евра.

Во емисијата „Ставот на регионот“ на Newsmax Balkans, Божиновска истакна дека инвестициите веќе започнуваат да се реализираат и имаат јасна цел – создавање стабилен, одржлив и предвидлив енергетски систем.

„Ова се најголемите вложувања во енергетиката досега и тие започнуваат да се реализираат уште во текот на оваа фискална година“, нагласи министерката.

Таа потенцираше дека клучен чекор за привлекување инвестиции е донесувањето на новиот Закон за енергетика, кој е целосно усогласен со европското законодавство.

„За првпат имаме модерен, европски закон за енергетика кој е поздравен од сите меѓународни партнери. Инвеститорите конечно имаат јасна институционална рамка и предвидливи процедури“, рече Божиновска.

Според неа, новиот закон воведува системско планирање со јасно дефинирани рокови за реализација на проектите, што претставува значителен напредок во однос на претходниот период.

Интересот на инвеститорите, како што посочи, е исклучително висок. Поднесени се 284 иницијативи, од кои 67 проекти ја поминале селекцијата.

„Планот за 2026 година веќе е целосно пополнет, а пријавите за 2027 година се отворени до 1 јуни. За првпат имаме јасен увид што, каде и како ќе се гради“, изјави министерката.

Најголемиот интерес е насочен кон соларните електрани, но за првпат се воведуваат и батериски системи за складирање електрична енергија.

„Годинава ќе имаме и батериски системи, што е клучно за стабилноста на преносната мрежа“, истакна Божиновска.

Таа додаде дека сите инвестиции се насочени кон зелена енергија, со цел намалување на увозот на електрична енергија и потенцијално позиционирање на државата како извозник.

„Во 2024 година увозот на електрична енергија изнесуваше 11 проценти. Очекуваме овој процент дополнително да се намалува, па дури и да се приближи до нула во наредните три до пет години“, рече министерката.

Божиновска најави и изработка на нова национална стратегија за развој на енергетиката за наредните 20 години, која ќе ги опфати и новите технологии како водородот и малите нуклеарни реактори.

Во однос на гасната инфраструктура, таа потврди дека се активирани проектите за поврзување со Србија и Грција.

„Со поврзувањето со Грција и Србија, Северна Македонија ќе стане енергетски јазол во регионот, што ќе донесе и дополнителни приходи од транзит на гас“, нагласи таа.

Министерката порача дека Владата останува посветена на заштита на стандардот на граѓаните, потенцирајќи дека цената на електричната енергија се одржува стабилна.

„Свесно продаваме електрична енергија по цена пониска од производната за да спречиме ценовни шокови. Не очекуваме драстични поскапувања, туку евентуално минимални корекции од еден до два проценти“, изјави Божиновска.

На крајот, таа оцени дека реформите во енергетиката се клучен дел од европскиот пат на земјата.

„Имаме закон, подзаконските акти се во подготовка и верувам дека сме на добар пат. Предизвици има, но имаме јасна визија и силен интерес од инвеститорите“, заклучи министерката.

….

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Раст на туризмот: До август остварени околу 2,73 милиони ноќевања

16.10.2026

Мицкоски: Струјата нема да поскапи до крајот на годината, се бориме цената да остане иста и од јануари

16.10.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,55 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

16.10.2026

Европа ја забрзува трката по критични минерали: нов повик за стратешки проекти до крајот на годината

16.10.2026

Општина Битола: Заедно со граѓаните го креираме буџетот за 2027 година

16.10.2026
Николоски: „Раст од 40% на градежните активности на автопатите, капиталните инвестиции над 70% реализација“

Николоски: Планираме реконструкција и електрификација на пругата Велес – Битола и набавка на околу 9 патнички возови и 5 електрични локомотиви

16.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија

3 недели ago

БИТКА СО СМРТТА НА 8.000 МЕТРИ: Чоколадото и мразот му го спасија животот

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Грција отвори огромно батериско складиште за електрична енергија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: „Летечкиот“ автомобил на Маск меѓу големите ветувања и долгото чекање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Раст на туризмот: До август остварени околу 2,73 милиони ноќевања

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Струјата нема да поскапи до крајот на годината, се бориме цената да остане иста и од јануари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава за проневера на над 110.000 евра од давачки за регистрација на возила во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.