Ориганото е медитеранска билка која важи за една од најлековитите билки на светот.
Многу е ценето поради неговото масло, кое се добива од диви видови оригано преку посебен процес на дестилација, за да се сочуваат сите негови својства.
Постојат повеќе од 40 видови оригано, во кулинарството најчесто се користи Origanum Vulgare, но за најлековит вид се смета Origanum Minutiflorum, кое содржи и до 90% активна лековита состојка наречена карвакрол. Старите Грци го применувале маслото од оригано за лечење рани, каснувања од змии и тегоби на дишните патишта, а во Средниот век станало популарно и во Европа, каде се користело за лечење инфекции.
Лековити својства на маслото од оригано
Највредната лековита материја во маслото од оригано е карвакрол, состојка која има силно антибактериско дејство. Британските научници потврдиле дека маслото од оригано е ефикасно против 25 различни бактерии, а најмногу против повеќето бактерии кои предизвикуваат инфекции на дебелото црево и уринарниот тракт, тифус, колера, чиреви и кожни инфекции. Освен што ги уништува бактериите, ова масло има и силно антивирусно дејство, односно ефикасно штити од грип и настинка, и може да ја спречи болеста уште кога ќе се јават првите симптоми.
Ги уништува тврдокорните бактерии
Маслото од оригано одлично делува против многу видови бактерии, вируси и габички кои го менуваат обликот и го отежнуваат лекувањето. Агресивните антигабични својства во маслото од оригано спречуваат тврдокорни инфекции како кандида, габички на ноктите и темето. При кандида маслото се пие, а кај габички на ноктите се нанесува локално. При појава на габички на кожата на главата се препорачува да се нанесат неколку капки масло при шампонирањето.
Можно е да делува против рак
Маслото од оригано би можело да стане дел од терапиите за лечење рак. Научниците го тестирале делувањето на карвакролот на клетките од ракот на простата, и едно истражување објавено во април 2012 година на саемот на експерименти во Сан Диего, покажало позитивни резултати.
Спречува алергии
Маслото од оригано содржи рузмаринска киселина, која е силен антихистаминик и моќен антиоксиданс и најчесто се користи во лечење на алергиските реакции, бронхијална астма, ревматолошки артритис и гингвитис, така што само инхалирање на маслото помага при алергија.
Го успорува стареењето
Антиоксидативните својства на маслото од оригано се благотворни за долготрајно чување на здравјето. Тие штитат од слободните радикали и ги опоравуваат веќе оштетените клетки. Познато е дека антиоксидансите го успоруваат стареењето, штитат од рак, спречуваат макуларна дегенерација, губиток на видот и слухот, нервни пореметувања и многу други болести поврзани со делување на слободните радикали.
Прва помош при убоди од инсекти и животни
Маслото од оригано има моќ на неутрализирање на отровните убоди, како оние од пчела, змија и пајак, а исто така е корисно и за спречување инфекции, намалување на воспаленијата и болките од убодни рани и каснувања од животни.
Помош при спортски повреди
Ги олеснува грчевите и болките во мускулите, го помага заздравувањето на повредите, воспаленијата на тетивите и слично, а неговите противвоспалителни дејства воедно го прават и моќен лек за артритис.