сабота, август 15, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

АРМ ќе проми 300 ново војници

by Redakcija
17.02.2026
in Македонија

Министерството за одбрана наскоро ќе објави конкурс за прием на 300 нови војници во Армијата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Огласот се очекува да биде објавен веднаш по добивањето на потребната документација од Министерството за финансии, со цел процесот да започне веќе во пролетниот рок.

Според Мисајловски, интересот кај младите за приклучување кон Армијата е присутен, а постојниот офицерски кадар и специјалните единици се на високо ниво на обученост. Тој потенцираше дека со зголемувањето на буџетот за одбрана ќе се подобрува и статусот на припадниците на Армијата, вклучително и нивните примања.

– Кога ќе стигнат сите потребни документи од Министерството за финансии, ќе ги објавиме конкурсите. Очекувам тоа да биде веќе во пролетниот период, за што повеќе луѓе да се пријават и да станат дел од Армијата – изјави Мисајловски.

Министерот потсети дека од минатата година платите во Министерството за одбрана се зголемени за 30 проценти, нагласувајќи дека ваквиот тренд ќе продолжи и понатаму.

– Со растот на буџетот ќе се зголемуваат и платите. Целта е да имаме мотивиран и задоволен кадар – истакна тој.

Покрај новите вработувања, Мисајловски најави и решение за задржување на војниците кои ќе наполнат 45 години. Според него, во тек се иницијативи со кои ќе се овозможи тие да останат во Армијата и да продолжат да придонесуваат со своето искуство.

– Работиме на модел кој ќе овозможи сите војници над 45 години да останат активни. Очекувам наскоро да излеземе со решение што ќе биде прифатливо за сите – додаде Мисајловски.

Related Posts

Пожарот на Сува Гора се шири на непристапен терен, во гаснењето се вклучени три авиони

15.08.2026
Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

Западнонилската треска стигна и до Арачиново: Бројот на заразени во Македонија се искачи на 34

15.08.2026

Шест активни пожари низ Македонија – пожарникарите на терен

15.08.2026

Николоски на терен: Продолжува интензивната изградба на автопатот Охрид–Кичево

15.08.2026

ВЛЕН: 25 години по Охридскиот рамковен договор, еднаквоста станува закон, развојот забрзува, европскиот пат се зајакнува

14.08.2026

Втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија, 24 пациенти хоспитализирани

14.08.2026

Препорачани Вести

Трамп: Размислувам да излеземе од НАТО! Воен аналитичар: Без него, тој сепак е најсилниот сојуз

Трамп: Размислувам да излеземе од НАТО! Воен аналитичар: Без него, тој сепак е најсилниот сојуз

5 месеци ago

(ВИДЕО) САД ја уништија иранската морнарицата, но сеуште ја немаат контролата: Иран го држи Ормутскиот  теснец затворен

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Со багер оштетен оптички кабел – кривично пријавени две лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожарот на Сува Гора се шири на непристапен терен, во гаснењето се вклучени три авиони

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Притвор за Тетовчанец – Се заканувал дека ќе ги запали сопругата и ќерката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Внимателно на патот Струмица–Валандово: Истурени пиперки го отежнуваат сообраќајот кај Костурино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Западнонилската треска стигна и до Арачиново: Бројот на заразени во Македонија се искачи на 34

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.