среда, јуни 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Денес се чествува споменот на Свети Георгиј Кратовски

by Redakcija
24.02.2026
in Македонија
Денес се чествува споменот на Свети Георгиј Кратовски

Православните верници денеска го одбележуваат споменот на Свети Георгиј Кратовски – македонски маченик од 16 век, кој со својот живот и страдање оставил длабока трага во духовната историја на народот.

Свети Георгиј бил роден во градот Кратово. По занает бил златар, но уште од младоста се истакнувал со својата цврста и непоколеблива христијанска вера. Имал само 18 години кога бил изложен на силни притисоци од османлиските власти да ја прими исламската вера. Наместо да се откаже од Христа, тој останал непоколеблив, „тврд во верата како прекрасен дијамант“, сведочат житијата.

Поради својата истрајност бил подложен на тешки мачења. Според преданието, по најлутите маки, бил жив запален на 11 февруари 1515 година во Софија, во времето на султан Селим I. Со своето страдање, Црквата го вбројува меѓу светите маченици, кои добиле „невенлива небесна слава“.

Во богослужбените текстови посветени на Свети Георгиј Кратовски се истакнува неговата духовна сила и верност. Во тропарот се нагласува дека тој „во трпењето на многу искушенија“ ја претрпел огнената смрт и примил „нераспадлив венец со маченичките хорови“, додека кондакoт го велича како победник над заблудата и како достоен наследник на небесната слава.

Верниците му се обраќаат со молитви, верувајќи дека тој, како застапник пред Христа, се моли за сите што со вера го почитуваат неговиот спомен. Неговото сведоштво и денес претставува симбол на истрајност, храброст и непоколеблива вера.

Related Posts

Македон меѓу најдобрите млади таленти во светот

24.06.2026

Тајната вечера во Фурка: Заев и грчките функционери имале тајна средба зад затворени врати во вила на Халкидики 

24.06.2026

УСТАВНО-СУДСКАТА ПРАКСА ЈА ПОТВРДУВА ПОСЕБНАТА УЛОГА НА ДРЖАВАТА ВО ОРГАНИЗИРАЊЕТО НА ИГРИТЕ НА СРЕЌА

23.06.2026

Божиновска: Инвестициите и иновациите се двигател на енергетскиот сектор

23.06.2026

Премиерот Мицкоски се прости од градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски: длабока тага и сочувство

23.06.2026

Три пожари сè уште беснеат низ Македонија, службите на терен

23.06.2026

Препорачани Вести

Проектил ја погодил иранската нуклеарна централа Бушехр

3 месеци ago

ЈКП,, Комуналец’’ – Прилеп, успешно го реализираше ноќното миење на главните сообраќајници во градот

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,32 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малолетник со џип бегал од полицијата низ Тетово, удрил во полициско возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен скопјанец поради предизвикување пожар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македон меѓу најдобрите млади таленти во светот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Зајакнувањето на соработката со Шпанија отвора нови можности за културна и институционална размена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.