четврток, септември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Зеленски објави видео-порака по повод четвртата годишнина од инвазијата врз Украина

by Redakcija
24.02.2026
in Свет
Зеленски објави видео-порака по повод четвртата годишнина од инвазијата врз Украина

По повод четири години по почетокот на целосната руска инвазија врз Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски испрати силна видео порака од Киев. Во видеото, тој отвори дел од бункерот на улицата Банкова, местото од каде што во првите денови на војната се јавуваше на светските лидери, барајќи помош и оружје за украинските сили.

„Точно четири години поминаа од оној ден кога Путин мислеше дека за три дена ќе ја завземе Украина. Наместо тоа, нашата земја се спротивстави, нашите луѓе се изборија“, истакна Зеленски, нагласувајќи ја храброста и отпорноста на милиони Украинци кои не се поколебаа пред окупаторите.

Во својата обиколка низ бункерот, Зеленски ја покажа организацијата на првите воени брифинзи и комуникацијата со сојузниците. „Нашиот народ не ги покажа белите знамиња. Наместо тоа, се појавија редици пред регрутните центри и сите избраа отпор. Нашите воини останаа непоколебливи, а цивилите бранеа градови, села, улици и дворови, создавајќи вистински човечки ѕидови против напредувањето на руските сили“, рече тој.

Претседателот се потсети и на ужасите на првите недели од инвазијата, уништените градови како Буча, Ирпин, Бородјанка и Мариупол, масовните гробници, нападите врз болници и станбени објекти. „Ова не е начинот на кој луѓето треба да се однесуваат. Украина нема да заборави“, додаде Зеленски, упатувајќи порака до оние кои ја поддржуваат руската агресија.

Во последните четири години, Украина ја зголеми својата одбранбена способност од донирани панцири до модерни системи како „Патриот“, „Ирис-Т“, „НАСАМС“ и борбени авиони „Ф-16“. Националната индустрија произведува милиони беспилотни летала годишно, а украинските сили успешно соборуваат стотици беспилотни летала „Шахед“ за една ноќ, покажувајќи способност за големи тактички операции.

„Силата што не одржува се луѓето. Нашиот отпор е во секој маж и жена во Украина, во секој што не се предава“, рече Зеленски, додавајќи благодарност до воините, нивните семејства, здравствените работници, волонтерите, наставниците и сите кои со својот труд ја прават Украина посилна.

На крајот, претседателот испрати порака на надеж: „Иако ја поминуваме најсуровата зима во нашата историја, пролетта доаѓа за помалку од една недела. Путин не успеа, Украинците не се поразени, и ние ќе го зачуваме мирот и правдата“.

Украинскиот народ, како што порача Зеленски, продолжува да го брани својот пат со истата решителност и храброст како на самиот почеток, со поглед свртен кон иднината и непоколеблива вера во победата.

Related Posts

Русија нема да ги запре нападите, Лавров спомена и три европски земји: „Поучени од горчливото искуство…“

24.09.2026

Сибиха: Украина прифати целосен и безусловен прекин на огнот, ја повикуваме Русија да го направи истото

23.09.2026

Научници: Големиот Ел Нињо ќе предизвика 450.000 смртни случаи – ова се најзагрозените земји

23.09.2026

Избувна нова војна во Африка

23.09.2026

Руски воен хеликоптер влезе во Полска: Веднаш беа кренати полски борбени авиони

23.09.2026

Командант на НАТО предупредува на опасна тактика: Путин сака да ја испровоцира Алијансата

23.09.2026

Препорачани Вести

Падна одлука за горивата – Објавени се новите цени

5 месеци ago

Уапсени шестмина битолчани поради „лов на педофили“ на социјални мрежи

4 месеци ago

Популарни Вести

  • Воздушна тревога во Романија: Дрон падна кај Солка, во акција Ф-16

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • БУЛЕВАР ПОБАРА ОДГОВОРИ ОД АХВ: ВРАТЕНА ПРАТКА ОД НАД 11.000 ПАКУВАЊА МАКЕДОНСКО КИСЕЛО МЛЕКО ОД БУГАРИЈА – ИМА ЛИ РИЗИК ЗА ДОМАШНИТЕ ПОТРОШУВАЧИ?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вози 160 км/ч, има Wi-Fi и работи на два погона: Хрватска го покажа новиот воз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Димитриеска-Кочоска: Состојбите се следат, растот, дефицитот и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Утринава голема акција низ Македонија – Цариници, полицајци, шпедитери и превозници во истрага за милионски шверц

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

Здравје – Вистинското има вкус
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.