недела, мај 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Заврши 10-тата седница на Советот на Прилеп: Донесени повеќе значајни одлуки

by Redakcija
24.02.2026
in Република, Топ Вести

На денешната 10-та седница на Советот на Општина Прилеп беа разгледани и усвоени повеќе одлуки од значење за функционирањето на јавните претпријатија и установи, како и за уредувањето на јавниот простор во градот.

Во фокусот на седницата беше Програмата за утврдување на критериуми и стандарди за поставување урбана опрема и користење површина пред деловни објекти на подрачјето на Општина Прилеп. Со оваа програма се воведуваат појасни правила и унифицирани стандарди за поставување урбана опрема пред угостителските и другите деловни објекти, со цел обезбедување поголем ред, естетика и функционалност на јавниот простор.

Советниците ја усвоија и Одлуката за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите во ЈОУ Дом за стари лица „Киро Крстески-Платник“ – Прилеп, со што се регулира пресметката на примањата во оваа установа.

На седницата беше донесена и одлука за давање согласност за определување ширина на крајбрежен појас во водотеците во планските опфати на УПС Штавица (КО Штавица) и УПС Тополчани (КО Тополчани), со што се уредуваат условите за понатамошно просторно планирање во овие подрачја.

Дополнително, Советот донесе одлуки за именување член во Надзорниот одбор за контрола на материјално-финансиското работење на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп и на Јавното претпријатие за енергетски дејности „Енерго-Прилеп“ – Прилеп. Исто така, беа именувани членови во управните одбори на повеќе јавни претпријатија и установи, меѓу кои ЈП за ПУП Прилеп, ЈСП Прилеп, ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, ЈОУДГ „Наша Иднина“ – Прилеп и ЈП „Енерго-Прилеп“.

Советот донесе и Одлука за ставање вон сила на Одлуката за проширување на средствата на Буџетот на Општина Прилеп за 2026 година.

Со донесените одлуки продолжува институционалното унапредување на работата на јавните претпријатија и установи, како и процесот на уредување и стандардизирање на јавниот простор во интерес на граѓаните.

Related Posts

Коњановски: Ја прифаќам оставката на раководството на Пелистер, ќе има ревизија на работењето

31.05.2026

Света Троица и Педесетница: Зошто денешниот празник е меѓу најважните во христијанството

31.05.2026

Шокантни сцени од Охридското Езеро: Нуркачите извлекоа отпад колку за опремување цел трособен стан

31.05.2026

Николоски: Во Новаци се реализира инвестициски циклус од 1,2 милиони евра, веќе се градат првите две фабрики

31.05.2026

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Владата ја продолжи мерката за пониски акцизи на горивата до 15 јуни

31.05.2026

Градоначалникот Тоневски го одбележа Духовден со верниците во манастирот во Костомар

31.05.2026

Препорачани Вести

Комуналец – Прилеп: Продолжува обновата на зеленилото во населбата „Димо Наредникот“

3 недели ago
Американскиот министер за енергетика размислува за повлекување од ИЕА

Американскиот министер за енергетика размислува за повлекување од ИЕА

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Коњановски: Ја прифаќам оставката на раководството на Пелистер, ќе има ревизија на работењето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Света Троица и Педесетница: Зошто денешниот празник е меѓу најважните во христијанството

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонски интелектуалци уште во 1887 година барале весник на македонски јазик: „Ние Македонците не сме Бугари“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија ќе игра пред 50.000 навивачи во Истанбул – распродаден стадионот за дуелот со Турција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: Централното собрание ја одржа првата седница по формирањето на партијата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.