петок, август 7, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Електронска дозвола за патници од 85 земји е задолжителна за влез во Велика Британија

by Redakcija
25.02.2026
in Свет
Електронска дозвола за патници од 85 земји е задолжителна за влез во Велика Британија

Од денеска стапува на сила ново правило за патување во Велика Британија. Сите посетители од 85 земји кои доаѓаат без потреба од виза ќе мора претходно да обезбедат електронска дозвола за патување, или ризикуваат да им биде одбиен влез на границата.

Британското Министерство за внатрешни работи соопшти дека оваа новина значи дека без валидна електронска исправа, туристите и другите посетители нема да можат да се качат на авионите, авиокомпаниите ќе проверуваат дали патникот има Е‑Travel Authorization купена преку интернет по цена од 16 фунти, што изнесува околу 21,57 американски долари.

Системот за електронски дозволи првпат беше лансиран во 2023 година, а во април минатата година се прошири и на европски патници, но до сега не се применуваше строго. Сега, пак, од сите ќе се бара да ја завршат таа онлајн постапка пред да патуваат.

Освен Британците и Ирците – вклучително и оние со двојно државјанство или со право на престој во Велика Британија – никој нема да биде изземен од ова правило.

Оваа промена доаѓа во време на значајни трансформации по Брегзитот. Минатата есен, во октомври, Европската Унија го воведе својот долго најавуван дигитален систем за влез/излез, со кој се укинува рачното печатење на пасошите на границите, а се прават автоматски записи за сите што влегуваат и излегуваат од блокот.

Бизнисите и патниците претходно имаат поплаки дека новиот систем во ЕУ предизвикал застои на аеродромите, а претставници на транспортниот сектор предупредија дека целосното воведување токму за време на велигденските празници може да донесе сериозни нарушувања во летовите и железничкиот сообраќај.

Related Posts

Голем удар за руската авијација? Индија се откажува од набавка на Су-57

07.08.2026

ФАО: Растат цените на храната во светот

07.08.2026
Јапонски танкери без плаќање поминаа низ Ормускиот теснец

Руски дронови нападнале германски товарен брод

06.08.2026

Поранешниот командант на Украина: Русија најде начини да се спротивстави на западното оружје

06.08.2026

САД без оптимизам за брз договор со Иран, Венс најави долги преговори

06.08.2026

Трамп најави кривичен прогон за лицата што откриваат информации за залихите на оружје: САД имаат огромни резерви муниција

06.08.2026

Препорачани Вести

Тешко повреден пешак во сообраќајна несреќа во Тетово

3 месеци ago
Повредени најмалку 18 лица по нападот врз Одеса

Повредени најмалку 18 лица по нападот врз Одеса

3 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Се судрија патничко возило и камион на патот Гостивар – Стража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Овој дополнителен бизнис може да ви донесе добра заработка од дома: Не ви треба голема почетна инвестиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Купила стара книга за само 30 денари, а дома сфатила што всушност пронашла: „Како да добив на лотарија“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Луѓето почнаа да ставаат лимон покрај креветот: Тврдат дека решава еден голем проблем“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во благ пораст: МБИ10 порасна за 0,08 отсто, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.