четврток, август 13, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Фатена на дело – Уапсена лихварка од Струмица

by Redakcija
27.02.2026
in Црна Хроника

Лишена од слобода лихварка од Струмица, затекната е при примање пари-месечна камата од оштетено лице, следува соодветна пријава

На 26.02.2026 во 12:00 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода Ј.Т.(53) од Струмица. Според пријавеното, таа во јуни 2025 година на жител на струмичко село му дала пари во износ од 2.700 евра, за кои сега барала да му врати несразмерен износ од 15.000 евра.
Имено, вчера оштетениот остварил средба со Ј.Т. на која требало да ѝ плати 100 евра, сума која ја определила како месечна камата за основниот лихварски долг. Во моментот кога ѝ ја дал банкнотата од 100 евра, која била претходно обележана, Ј.Т. е лишена од слобода. Притоа, бил извршен преглед кај неа и биле пронајдени обележаната банкнота од 100 евра, тетратка и листови хартија на кои ги нотирала износите на парични средства кои ги давала на лица и износите кои како камата требало да ѝ бидат вратени.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен претрес во нејзиниот дом, при што се пронајдени и одземени пари (денари и евра), нотарски акти, како и тетратки и листови на кои ги евидирала дадени износи на пари, од кои е утврдено дека Ј.Т. досега во повеќе наврати давала пари на лица, а тие требало да ѝ вратат несразмерен износ со кој таа се стекнувала со противправна имотна корист.
Ј.Т. е задржана во Полициската станица Струмица и за случајот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење основано сомневање дека сторила кривично дело „лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.

…

Related Posts

Турист се удавил во водите на Охридското Езеро кај Пештани

13.08.2026

Мајка и ќерка приведени во Тетово – се заканувале и се обиделе да нападнат вработени во Центарот за социјални работи

13.08.2026

Апсење во кичевско – Лишени од слобода две лица

13.08.2026

МВР ги идентификува лицата кои ширеле паника за ешерихија коли во скопската вода

13.08.2026

Апсење во Тетовско – Тројца лишени од слобода

12.08.2026

Трагедија во прилепско: Маж пронајден мртов со прострелна рана

12.08.2026

Препорачани Вести

Војската во Данска на висока готовност поради можен конфликт околу Гренланд

7 месеци ago

Што се случува во Македонија? За едно деноноќие пријавени 10 случаи на семејно насилство, приведени 7 лица низ државата – Тепани родители, сопруги, снаи, свекрви, деца

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Македонската берза во благ пад: МБИ10 намален за 0,01 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Младите се енергијата, креативноста и иднината на Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Турист се удавил во водите на Охридското Езеро кај Пештани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мајка и ќерка приведени во Тетово – се заканувале и се обиделе да нападнат вработени во Центарот за социјални работи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Прилеп со нов меѓународен фестивал на фолклорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.