Американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) имала клучна улога во следењето на иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, пред вчерашниот напад во Техеран, објави „Њујорк Тајмс“.
Според извори запознаени со операцијата, ЦИА го следела Хамнеи со месеци, собирајќи информации за неговите движења и дневни навики. Агентите дознале дека наутро требало да се одржи состанок на високи ирански функционери во станбен комплекс во центарот на Техеран, на кој Хамнеи ќе присуствувал.
Со овие податоци, САД и Израел го прилагодиле времето на нападот, кој првично бил планиран да се изврши во текот на ноќта, пишува „Њујорк Тајмс“.














