среда, август 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Трамп доби поддршка од Сенатот да продолжи со нападите во Иран

by Redakcija
05.03.2026
in Свет
Трамп доби поддршка од Сенатот да продолжи со нападите во Иран

Американскиот Сенат во средата му даде зелено светло на претседателот Доналд Трамп, да продолжи со воените операции против Иран, откако не успеа иницијативата за нивно запирање. Гласањето ја нагласи силната политичка поларизација во Вашингтон во момент кога САД се соочуваат со нов воен ангажман на Блискиот Исток.

Резолуцијата, зад која стоеја демократите, имаше цел да ја ограничи употребата на американска воена сила, но падна на процедуралното гласање со резултат 53 наспроти 47. Партиските линии главно останаа непроменети: демократот Џон Фетерман се приклучи кон републиканците и ја поддржа продолжената воена кампања, додека републиканецот Ренд Пол се најде на страната на противниците на операцијата.

Со ваквиот исход, администрацијата на Трамп добива простор да ја продолжи кампањата чиј исход, цена и пошироки економски последици сè уште се неизвесни. За разлика од воените интервенции што САД ги започнаа во почетокот на овој век, како војните во Авганистан и Ирак, сегашниот конфликт стартува со далеку послаба политичка и јавна поддршка. Сепак, претседателот и неговиот тим уверуваат дека операцијата против Иран би можела да заврши релативно брзо.

Самото гласање ги натера сенаторите јавно да ја заземат својата позиција во чувствителен политички момент, пред претстојните избори во ноември. Поддржувачите на војната ризикуваат политички последици доколку конфликтот се одолговлече или се покаже како неуспешен, особено ако вниманието на владата се одвлече од растечките трошоци за живот, кои се главна грижа на гласачите. Од друга страна, противниците на воената кампања се изложуваат на критики дека покажуваат премногу попустливост кон режим кој долго време се смета за еден од најголемите противници на САД и на Израел.

Во четврток се очекува и гласање во Претставничкиот дом, но предложената резолуција таму има повеќе симболична тежина. За да стапи во сила закон за прекин на воените операции, потребно е тој да биде усвоен во двата дома на Конгресот. Претседателот на Домот, Мајк Џонсон, веќе изрази увереност дека иницијативата нема да помине, а дел од умерените демократи најавија дека нема да ја поддржат.

Меѓу републиканците преовладува ставот дека Конгресот не треба да ја ограничува извршната власт во водењето на војната. Поранешниот лидер на мнозинството во Сенатот, Мич Меконел, го пофали Трамп за, како што рече, „решителната и храбра“ одлука да се спротивстави на Иран. Според него, слабеењето на иранските капацитети за производство на беспилотни летала би имало значителна безбедносна корист за Европа и Блискиот Исток.

И покрај тоа, дел од републиканските сенатори изразија претпазливост во однос на можноста за проширување на операциите и потенцијалното испраќање копнени трупи во Иран.

Сегашната поделба во Сенатот остро се разликува од атмосферата во 2002 година, кога законодавците со убедливо мнозинство му дозволија на тогашниот претседател Џорџ В. Буш, да употреби сила против Ирак. Тогаш дури 77 сенатори гласаа „за“, меѓу кои и влијателни демократи како Хилари Клинтон и Џо Бајден.

Јавното мислење, пак, покажува значителна скепса. Според анкета на CNN, спроведена веднаш по почетокот на нападите, околу 59 проценти од Американците не ја поддржуваат воената кампања против Иран. Голем дел од гласачите стравуваат од уште еден долготраен конфликт, особено во период кога економските притисоци врз домаќинствата се зголемуваат.

Тензиите веќе се чувствуваат и на светските пазари. Воените удари и ескалацијата меѓу Иран, Израел и САД предизвикаа потреси на енергетските пазари и придонесоа за нагло зголемување на цените на горивата и на други производи, фактор што може да има значајно влијание врз изборната година во САД.

Демократите, пак, ја обвинуваат администрацијата дека не понудила јасна стратегија. Сенаторот Ричард Блументал, изјави дека по неодамнешниот брифинг со претставници на администрацијата и војската останал со уште поголема загриженост. Според него, постои реална опасност САД да бидат вовлечени во подлабок конфликт кој би барал и распоредување на копнени сили.

„Сè уште не е јасно што е крајната цел, дали уништување на нуклеарната програма, ракетниот арсенал, промена на режимот или борба против терористичките активности,“ предупреди тој.

Во меѓувреме, се очекува Конгресот да се соочи и со финансиската страна на војната. САД веќе испраќаат дополнителни бомбардери, борбени авиони и муниција во регионот, што значи дека може да биде потребно итно буџетско финансирање. Конгресменот Том Кол, предупреди дека трошоците лесно би можеле да достигнат огромни размери.

„Самото одржување на две групи носачи на авиони во активна операција е исклучително скапо, а тоа е само дел од ресурсите што се користат,“ изјави Кол, додавајќи дека очекува администрацијата наскоро да побара значителни дополнителни средства.

Related Posts

(ВИДЕО) Руски војник закопан до врат како казна: Снимка повторно ја отвори темата за бруталните методи во руската армија

(ВИДЕО) Руски војник закопан до врат како казна: Снимка повторно ја отвори темата за бруталните методи во руската армија

26.08.2026
(ВИДЕО) НЕПАЛ ЖИВЕЕ ВО КОШМАР ДЕНЕС: Мостови, патишта, автомобили и куќи однесени од водата, стотици луѓе исчезнати

(ВИДЕО) НЕПАЛ ЖИВЕЕ ВО КОШМАР ДЕНЕС: Мостови, патишта, автомобили и куќи однесени од водата, стотици луѓе исчезнати

26.08.2026
Нова опасна фаза во Украина? Во Кремљ се разгледува и можност за тактички нуклеарен удар

Нова опасна фаза во Украина? Во Кремљ се разгледува и можност за тактички нуклеарен удар

26.08.2026
(ВИДЕО) Се појави вознемирувачка снимка од границата меѓу Непал и Тибет – сцените се ужасни

(ВИДЕО) Се појави вознемирувачка снимка од границата меѓу Непал и Тибет – сцените се ужасни

26.08.2026
Откриено кој пристигнал со американски воен авион во Москва: Директорот на ЦИА Џон Ретклиф во Русија

Откриено кој пристигнал со американски воен авион во Москва: Директорот на ЦИА Џон Ретклиф во Русија

26.08.2026
Руски медиуми тврдат: Украински командант на баталјон наводно ја напуштил Украина и заминал за Германија

Војната се сели во Русија: Украина ги шири ударите, расте и бројот на цивилни жртви

26.08.2026

Препорачани Вести

Историски пресврт во фудбалот: Мари-Луиз Ета стана првата жена тренер во Бундеслигата – Унион Берлин со храбар потег

Историски пресврт во фудбалот: Мари-Луиз Ета стана првата жена тренер во Бундеслигата – Унион Берлин со храбар потег

5 месеци ago
ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 12 ЈУЛИ: Емоциите излегуваат на површина, еден знак носи важна одлука – дознајте што ви подготвуваат ѕвездите

ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 12 ЈУЛИ: Емоциите излегуваат на површина, еден знак носи важна одлука – дознајте што ви подготвуваат ѕвездите

2 месеци ago

Популарни Вести

  • (ВИДЕО) Руски војник закопан до врат како казна: Снимка повторно ја отвори темата за бруталните методи во руската армија

    (ВИДЕО) Руски војник закопан до врат како казна: Снимка повторно ја отвори темата за бруталните методи во руската армија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) НЕПАЛ ЖИВЕЕ ВО КОШМАР ДЕНЕС: Мостови, патишта, автомобили и куќи однесени од водата, стотици луѓе исчезнати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова опасна фаза во Украина? Во Кремљ се разгледува и можност за тактички нуклеарен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уште неколку дена за пријавување: Жени, направете го првиот чекор кон економска независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза со силен раст: МБИ10 зголемен за 1,62 отсто, најголем промет со акциите на НЛБ Банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.