сабота, април 25, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Не може да има два предмета за ист настан: адвокатите на обвинетите за пожарот во Кочани бараат спојување на две постапки

by Redakcija
05.03.2026
in Македонија

Судечкиот совет се повлече за да донесе одлука дали да се спои постапката за пожарот во „Пулс“ со постапката против 13 полицајци обвинети за Тешки дела против општата сигурност за предметот во Кочани.

Адвокатката Ивана Коцевска, која го брани првообвинетиот Дејан Јованов Деко, побара да се спои оваа постапка со постапката против 13 полицајци обвинети за Тешки дела против општата сигурност за предметот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

– ОЈО ГОКК на 30.01.2026 до судот поднесе обвинителен акт протв 13 полициски службеници, кои се обвинети за истиот кривичен настан како соизвршители. Оваа постапка е во доказна постапка, со сослушување на сведоци кои сведочат за преземањето, односно непреземањето дејствија на тие полициски службеници во дискотеката, па за да спремиме утврдување на две различни состојби, предлагам да се спојат. Различните судски совети може да донесат различни заклучоци за истиот кривично правен настан, што може да резултира со одлука за повторување на некоја од двете постапки. Повеќе лица се обвинети за исто кривично дело, за ист кривичен настан, а се водат различни постапки пред ист суд, според Законот за кривична постапка судот треба да ги спои постапките. За да се спречи донесување на две различни пресуди за ист настан – рече Коцевска.

И адвокатот Петре Шилегов се согласи со барањето на Коцевска.

– Не може да има два предмета за ист настан и утврдување на две фактички состојби, односно две вистини. Уште повеќе затоа што не ги знаеме исказите на обвинетите во таа постапка, не ни се доставени. Тие искази може да влијаат на правните квалификации во оваа постапка. Одбраната пред повеќе од еден месец укажа на можноста да дојдеме во оваа ситуација. Немаме два кривично-правни настана за да имаме два кривични предмета и спротивно на ЗКП за еден настан да се водат две постапки. Заради економичност и за да се утврди вистината, го реафирмирам предлогот да се произнесат во врска со брифингот на ОЈО ГООК да се спојат постапките, тоа е неопходно за конечно да почне вистинско судење за овој предмет – рече адвокатот Петре Шилегов.

Адвокатката Софија Лаличиќ се приклучи кон предлогот од колегите.

– Судот знае дека не е непознато во праксата заради концентрација на доказите да се судат во единствен предмет обвиненија од две обвинителства. Барам предлогот од колегите да биде усвоен – рече Лаличиќ.

Адвокатот Зоран Зафировски рече дека се целосно исполнети законските услови да се спои постапката, дека се работи за ист настан, обвинети се за исто кривично дело, има исти оштетени лица.

Можеби ќе ве интересира

– Ќе се спречи обвинети лица да бидат сведоци во другата постапка. За исти дејствија се обвинети и припадници на обезбедувањето и полициски службеници – рече тој.

Сите бранители се приклучија на барањето.

Претставниците на Јавното обвинителство рекоа дека не се надлежни за кривични постапки во кои се обвинети полицајци и дека има обвинители во специјализираното одделение во ОЈО ГОКК.

– Ова прашање за надлежноста е надминато уште на почетокот. Зачудува барањето за спојување на постапката, кога одбраната многу пати приговарала за обемноста на предметот и бројот на обвинети лица. Не сме овластени да постапуваме по предмет од друго обвинителство – рече обвинителката.

Судечкиот совет се повлече за да донесе одлука.

Некои бранители се пожалија дека на одредени сведоци од Кочани им се врши притисок, а обвинителите негираа.

Во пожарот кој настана од пиротехника во дискотеката „Пулс“ на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 210 беа повредени. Во предметот што се суди во големата судница на Кривичниот суд во Идризово се обвинети 35 гизички и 3 правни лица, за делото Тешки дела против општата сигурност.

Изгор: plusinfo.mk

…

Related Posts

Граничниот премин Маркова Нога 60% готови објекти од македонска страна, од грчка сè уште нема активности

25.04.2026

ВРЕДИ: Мапата на казината во државата се цртала кај Артан Груби

25.04.2026

ВЛЕН: Законот за високо образование ги одразува барањата на универзитетите на албански наставен јазик

25.04.2026

Изет Меџити: ВРЕДИ се обединува во една партија на 9-ти мај, по што ќе следува реконструкција на Владата

24.04.2026

Јаневска: Следува голем скандал што ќе ја изненади јавноста

24.04.2026

Алиу: Нема повеќе мито за операции!

24.04.2026

Препорачани Вести

Вашингтон предупредува: Ограничувањата на американско оружје во ЕУ ќе предизвикаат одговор

2 месеци ago

МБИ10 со пад од 0,23%, без активности на обврзничкиот пазар

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: Блокади од сопственици на дивоградби можат да ја чинат државата до 100 милиони евра за автопатот Прилеп-Битола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Граничниот премин Маркова Нога 60% готови објекти од македонска страна, од грчка сè уште нема активности

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Еврото добива нов изглед по повеќе од 20 години: што ќе се случи со старите банкноти

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Полициска акција во трговски центар во Тетово – Запленета голема количина роба

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Егејска Македонија меѓу „неважните места“ во Грција и чувство на „етничка исклученост“ кај Македонците од грчките економски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.