понеделник, јуни 29, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Македонија прва во регионот ќе го воведе „Роаминг како дома“, усогласеност со ЕУ очекувана во 2026

by Redakcija
06.03.2026
in Македонија
Македонија прва во регионот ќе го воведе „Роаминг како дома“, усогласеност со ЕУ очекувана во 2026

Министерството за дигитална трансформација е во завршна фаза на подготовките за усогласување на македонското законодавство со европските правила за „роаминг како дома“. Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска потврди дека Македонија има амбиција да стане првата земја од регионот која ќе ги исполни сите критериуми на Европската Унија за оваа мерка.

Андоновски објасни дека Европската комисија пред две недели го стартувала процесот за сите држави од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Македонија, при што секоја земја мора индивидуално да ги исполни условите пред да започнат билатералните преговори. „Во овој период, ЕУ веќе ги доби измените и дополнувањата на Законот за електронски комуникации, со кои се усогласивме во делот на безбедноста, фер користење на роамингот, цените и прекуграничното нивно утврдување. Очекувам по добивањето на коментарите од ЕК, законот да биде испратен во Собранието и донесен, со што ќе бидеме први во регионот кои го исполнуваат условот за ‘роаминг како дома“. Потоа ќе започнеме преговори со ЕК како посредник пред европските телеком оператори и ќе склучиме договори“, рече министерот, нагласувајќи дека динамиката на процесот ќе зависи од ЕК, но Македонија е целосно подготвена за 2026 година.

Паралелно, Министерството отвора и прашање за појаснување на законската рамка за инфлуенсерите и креаторите на содржини. Андоновски информира дека вчера се одржа средба со претставници на Здружението на инфлуенсери, а наскоро е закажан и состанок со директорот на Агенцијата за аудио‑визуелни медиумски услуги (АААВМУ).

„Законот за АААВМУ не ја прави разликата помеѓу платформа и креатор на содржини. Не е дефинирано што е платформа како Инстаграм, Фејсбук или Јутјуб, а што е креатор кој ја користи платформата за сопствена содржина. Ќе разгледаме дали е потребно дополнително менување на правилникот или ќе мораме да изготвиме законска измена за да бидеме во согласност со европските стандарди, кои јасно ја прават оваа дистинкција“, појасни министерот.

Related Posts

ВЛЕН: Казината подалеку од нашите деца!

29.06.2026

Македонски пилот ангажиран во меѓународна операција за авио-асистенција во Турција

29.06.2026

Собранието усвои нов Закон за игрите на среќа: Построги правила, поголем надзор и ограничувања за рекламирање

29.06.2026

Топлотен бран во Македонија: ИЈЗ со итни препораки за заштита на граѓаните

29.06.2026

Утре собир во чест на Владо Јаневски пред арената „Борис Трајковски“ – граѓаните ќе му оддадат последна почит

29.06.2026
Родителите ќе плаќаат 250 евра ако нивното дете врши насилство во училиште

Родителите ќе плаќаат казна од 250 евра за насилство во училиште

29.06.2026

Препорачани Вести

Малолетник со тешки повреди завршил на Клинички центар

5 месеци ago
Декемвриски скок на прометот на берзата, активноста сепак се стеснува

Декемвриски скок на прометот на берзата, активноста сепак се стеснува

6 месеци ago

Популарни Вести

  • Коњановски: „Инспирации“ ја покажува моќта на културата во урбаниот развој

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проданоски: Младите од „Слободно театарче“ ја промовираат креативноста и иднината на Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВЛЕН: Казината подалеку од нашите деца!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонски пилот ангажиран во меѓународна операција за авио-асистенција во Турција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Министерство за финансии: Усвоен нов Закон за игри на среќа – посилна контрола, заштита на граѓаните и борба против сивата економија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.