вторник, септември 22, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Големо поскапување на дизелот – РКЕ ги објави новите цени

by Redakcija
09.03.2026
in Економија

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која малопродажните цени на нафтените деривати се зголемуваат во просек за 14,27 проценти во однос на одлуката од 2 март 2026 година.

Од 10 март 2026 година од 00:01 часот ќе важат нови максимални цени на горивата.

ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по цена од 79,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 81,50 денари за литар.

Најголем скок има кај дизелот. ЕУРОДИЗЕЛ БС ќе се продава по 85,50 денари за литар, што претставува зголемување од 14,50 денари.

Екстра лесното масло за домаќинство ЕЛ-1 ќе чини 82,50 денари за литар, односно поскапува за 12,50 денари.

Цената на мазутот М-1 НС се зголемува за 7,044 денари и ќе изнесува 42,586 денари за килограм.

Од Регулаторната комисија за енергетика посочуваат дека поскапувањето е резултат на значителниот раст на референтните цени на светскиот пазар. Според нивните пресметки, бензините бележат раст од 13,384 проценти, дизелот 36,134 проценти, екстра лесното масло 32,102 проценти, а мазутот 27,870 проценти.

Дополнително влијание врз цените имал и курсот на денарот во однос на доларот, кој е повисок за 0,9444 проценти.

Од РКЕ појаснуваат дека станува збор за максимални цени, а трговците можат да ги формираат и пониско од утврденото ниво.

Related Posts

Божиновска со добитниците на „Инженерски прстен“: Вашите идеи се потенцијал за Македонија

22.09.2026

Дизелот поскапува од полноќ – Ова се новинте цени

21.09.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,41 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

21.09.2026

Божиновска: Природата ни го подари богатството, институциите создаваат систем што ќе му даде вредност, заштита и препознатливост

21.09.2026

Рударство.мк: Европа ја зголемува побарувачката, нова можност за македонското рударство

21.09.2026

Пад на цените на нафтата на најниско ниво во последните десет дена

21.09.2026

Препорачани Вести

Стојаноска до Ахмети: Ние останавме доследни на порака од народот

8 месеци ago

Американски конзорциум подготвува понуда за купување на Лукоил

9 месеци ago

Популарни Вести

  • Божиновска со добитниците на „Инженерски прстен“: Вашите идеи се потенцијал за Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андоновски: Преку м.Услуги граѓаните ќе пристапуваат до своите документи директно од мобилен телефон

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски на самитот „Конкордија“ во Њујорк: Македонија останува на европскиот пат, ги браниме идентитетот и државните интереси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Претрес и апсење во Скопје – Полицијата со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов удар за Канада: Трамп најави договор со Белорусија за клучна суровина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.