сабота, август 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Свет

Железничката врска помеѓу Кина и Северна Кореја повторно во функција

by Redakcija
11.03.2026
in Свет
Железничката врска помеѓу Кина и Северна Кореја повторно во функција

По шест години прекин, Кина и Северна Кореја повторно го отвораат директното железничко поврзување меѓу Пекинг и Пјонгјанг, што се гледа како јасен знак за затоплување на билатералните односи, јавува ДПА.

Според соопштението на кинеската државна железница, првиот патнички воз ќе тргне во четврток, со патување кое ќе трае околу 24 часа. Линијата беше прекината во 2020 година, кога Пјонгјанг затвори граници заради пандемијата на Ковид-19.

China Railway истакнува дека повторното воспоставување на железничката врска ќе ги зајакне економските и културните врски меѓу двете земји. Возовите ќе сообраќаат четири пати неделно во двете насоки, при што два вагона ќе бидат резервирани за странски патници.

Кинеските туристи беа најбројната група посетители во Северна Кореја , пред ковид пандемијата. Исто така, Пекинг останува еден од клучните економски партнери на Пјонгјанг, додека земјата се соочува со опсежни санкции на Обединетите нации поради својата нуклеарна програма и сериозните прекршувања на човековите права.

Последен пат кога севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун, го посети Пекинг, беше во септември минатата година за да присуствува на воената парада на Народноослободителната армија на Кина, што беше едно од ретките негови патувања надвор од државата.

Related Posts

Одмор стар 108 години на удар: Германската економија бара нови правила

31.07.2026

Илјадници мигранти ја пробија границата на Сеута, Шпанија прогласи аларм

31.07.2026

Севернокорејско оружје во рацете на Русија? Зеленски откри детали за нападот

31.07.2026

Велика Британија и Германија ја осудија Русија: Нападите врз Украина се закана за цела Европа

31.07.2026

Трамп: Постигнат е историски договор за Газа – Најавено разоружување на Хамас и повлекување на израелските сили

31.07.2026
Јапонски танкери без плаќање поминаа низ Ормускиот теснец

Дрон погоди американски танкер за гас во египетското пристаниште Дамиета, запалени уште два брода

30.07.2026

Препорачани Вести

Франција: Проширувањето на ЕУ не смее да го диктираат надворешни сили

Франција: Проширувањето на ЕУ не смее да го диктираат надворешни сили

5 месеци ago

Паника на светските берзи: Инвеститорите бегаат поради растечката геополитичка криза

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Напад во продавница во Прилеп: Со закана одзел пари од касата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Двајца полицајци суспендирани од работа – Ова се деталите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Акција на полицијата во Скопје – Уапсени 9 лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Одмор стар 108 години на удар: Германската економија бара нови правила

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Битола е светска сцена на фолклорот, традицијата и културното поврзување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.