вторник, јуни 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Спорт

Махачев му возврати на Топурија: „Еден ден ќе го добиеш тоа што го бараш“

by Redakcija
11.03.2026
in Спорт
Махачев му возврати на Топурија: „Еден ден ќе го добиеш тоа што го бараш“

По објавувањето на борбената карта за спектаклот „Слобода 250“, ММА сцената веднаш беше преплавена со шпекулации дека навивачите ќе добијат голем дуел меѓу шампионот во лесна категорија Ислам Махачев и непоразениот предизвикувач Илиа Топурија. Според гласините, нивната пресметка требало да се одржи на 14 јуни на настан организиран во Белата куќа.

Сепак, ваквиот сценарио никогаш не се реализираше. Наместо очекуваниот мегадуел, UFC реши да го спои Топурија со опасниот нокаутер Џастин Гејџи во борба за неприкосновената титула во лесна категорија.

Извршниот директор на организацијата, Dana White, објасни дека причината за промената била повреда на раката на Махачев. Тој истовремено ги демантираше шпекулациите дека дуелот со Топурија воопшто бил сериозно разгледуван за настанот „Слобода 250“.

Но, ваквото објаснување не го убеди темпераментниот Грузиец со шпански пасош. На социјалната мрежа X, Топурија жестоко го нападна шампионот, обвинувајќи го дека повторно бара изговор за да избегне директна пресметка.

Според него, повредата е само уште една приказна. Топурија тврди дека од самиот почеток знаел дека ќе биде дел од настанот во Белата куќа. Дури и во периодот кога од УФЦ му кажале дека можеби нема да биде вклучен, тој бил убеден дека тоа е само дел од тактиката во преговорите.

Кога конечно му било потврдено дека ќе настапи на истата карта, му било спомнато и името на Махачев. Топурија вели дека без двоумење ја прифатил борбата. Но, следното утро, токму кога се очекувало официјално објавување на билетите, дошла веста дека шампионот е повреден.

Набргу потоа, како нов противник се појавил Гејџи. Топурија цинично порача дека уште еден борец ќе „плати“ за, како што вели, бегството на Махачев. Во истата објава тој испрати и остри навреди кон менаџерите на двајцата борци, а кон Гејџи упати порака дека нивната средба во Белата куќа ќе заврши експресно.

Реакцијата од Махачев не доцнеше. Рускиот шампион возврати со подеднакво жесток тон, тврдејќи дека вистинскиот страв доаѓа од спротивната страна.

Според него, Топурија се обидува да го прикрие сопствениот кукавичлук со провокативни објави. Махачев порача дека нивниот дуел е неизбежен и дека предизвикувачот еден ден ќе го добие тоа што го бара. Притоа саркастично додаде дека менаџерот на Топурија не мора да бара астрономски суми за борбата, ако треба, тие двајца би се пресметале и бесплатно.

Related Posts

Халанд постигна два гола, па ги шокираше сите: „Не ме интересираат, и онака ќе нè победат…“

23.06.2026

Зошто сите зборуваат за партнерката на селекторот на Германија?

23.06.2026

Меси испиша историја на Светските првенства!

22.06.2026

Белгиската ѕвезда сака да го напушти Светското првенство среде турнирот; причината предизвика жестока расправа

21.06.2026

Македонец ќе го води клубот на Бекам и Невил

19.06.2026

Голем безбедносен пропуст на натпреварот Англија – Хрватска ? ФИФА брзо се огласи

18.06.2026

Препорачани Вести

Проданоски: Корективни зафати на улицата „Александар Македонски“ за подобра пристапност и безбедност

4 месеци ago

Јанкулоска: СЈО работеше политички, не по закон. Парадираа како холивудски ѕвезди

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Драма и колапс на Евзони вечерва – голем број туристи заробени во мрак, автомобилите се пренасочуваат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали сте омилена мета на комарците? Науката го има одговорот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Халанд постигна два гола, па ги шокираше сите: „Не ме интересираат, и онака ќе нè победат…“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава против полицаец од Прилеп – МВР со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Советот на Општина Прилеп ја одржа 16-тата седница: 14,5 милиони денари за спортските клубови, здруженијата и фондациите!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.