среда, јули 1, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Спомен на Вања Лазарова – девет години без гласот на македонската изворна народна музика

by Redakcija
12.03.2026
in Македонија
Спомен на Вања Лазарова – девет години без гласот на македонската изворна народна музика

Денес се одбележуваат девет години откако почина Вања Лазарова, неприкосновената ѕвезда на македонската изворна музика, чиј глас трајно ја одбележа културната меморија на земјата. Родена во 1930 година во село Страцин, Кратовско, Лазарова уште како дете покажала исклучителен талент и љубов кон народната песна.

Нејзината кариера се развивала на повеќе фронтови: како солистка во Македонскиот народен театар и во ансамблот „Танец“, таа ја презентирала македонската традиција на сцени низ целиот свет. Настапот во „Royal Albert Hall“ во Лондон, пред британската кралица Елизабета Втора, останува како еден од врвните моменти во нејзината кариера.

Вања Лазарова снимила голем број изворни народни песни, соработувала со значајни музички имиња и оставила богат архив на Македонска радио-телевизија. Особено запаметена е соработката со групата Анастасија за музиката во култниот филм „Пред дождот“ на Милчо Манчевски.

Песните „Со маки сум се родила“, „Параходот ми замина“ и „Легнала Ѓурѓа на рамно гумно“ ја пренесуваат душата на македонската традиција, а нејзиниот глас останува препознатлив симбол на македонската културна наследство. За својот придонес во уметноста, Лазарова била наградена со „11 Октомври“ и со признание за животно дело на фестивалот „Цветници“.

И покрај тоа што физички ја нема меѓу нас од 12 март 2017 година, делото на Вања Лазарова продолжува да живее музиката, инспирирајќи ги идните генерации и чувајќи ја магијата на македонската народна песна.

Related Posts

Николоски: Инвестиција од 200 милиони евра – Лидл носи нов економски импулс за Македонија

01.07.2026

Администрацијата преплавена со боледувања – Ова се најчестите причини

01.07.2026
Мицкоски: Македонија е подготвена за реформи, но не и за идентитетски компромиси

Мицкоски: За првпат по долго време има повеќе барања за поврат отколку за отпис на македонското државјанство

01.07.2026

Последната желба на Владо Јаневски ќе биде исполнета денеска

01.07.2026

Попладне можни пороен дожд, грмежи и град

01.07.2026

ВЛЕН: Со 306 проекти се менува изгледот на општините, празните ветувања ги заменуваат конкретни инвестиции

01.07.2026

Препорачани Вести

Бугарска амбасада со апел до македонските медиуми и јавни личности

2 недели ago

МВР почнува со проверки на системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“

5 месеци ago

Популарни Вести

  • ВИДЕО: Не се гледа прст пред око – силно невреме со град го зафати Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Коњановски: Битола е горда на Искра Нечаковска, сребрена медалистка на Европската олимпијада по физика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсени седум лица во Скопје, Струга и Тетово – Полицијата со детали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поднесено обвинение против директорот на Државниот инспекторат за земјоделство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не пропуштај гол: Wolt го носи match-day моментот дома

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.