петок, јуни 19, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Црна Хроника

Поранешен директор заработи кривична – Ова се деталите

by Redakcija
13.03.2026
in Црна Хроника

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против С.Р. во својство на поранешен в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 ст.4  и ст.3 вв ст.1 од КЗ на РСМ,  “Фалсификување исправа” од член 378, ст.1 од КЗ на РСМ и кривично дело “Проневера во службата” – во обид од член 354 ст.2 в.в ст.1 в.в. член 19 од КЗ на РСМ.

Пријавениот С, објави 4news.mk Р. во својство на в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје, со намера да ги исцрпи сите предвидени финансиски средства од склучениот Договор за интелектуални услуги со правниот субјект ВЕДА ДООЕЛ Скопје, во текот на 2025 година, два дена пред истекот на важноста на договорот, како и ден пред неговото завршување, во име и за сметка на претпријатието склучил пет договори со физички лица, во вкупен износ од 3.608.708 денари, од кои два фиктивни договори со висока нереална вредност од по 775.000 денари за интелектуални услуги – давање на совети, имплементирање на нови техники за заштита на животната средина во вкупна вредност од 1.550.000 денари, со лица кои биле негови лични познаници и за кои бил свесен дека немаат никаква експертиза во областа на заштита на животната средина и покрај тоа што бил свесен дека услугите не се извршени, нема да бидат извршени, ниту постои објективна можност истите да бидат извршени во времетраење на договорот со авторската агенција и склучил три договори со физички лица во вредност од по 686.236 денари за сметководствени услуги и изготвување на годишна сметка во вкупна вредност од 2.058.708 денари, иако бил свесен дека едно од лицата немало никаква експертиза во вршење на сметководствени услуги и не е регистрирано како овластен сметководител во Регистарот на овластени сметководители.

По престанокот на важноста на договорот за интелектуални услуги со правното лице ВЕДА ДООЕЛ Скопје, односно откако пријавениот бил одвратен од намерата да го доврши кривичното дело “Проневера во службата” од член 354 ст.2 в.в ст.1 од КЗ на РСМ и да ги исплати средствата, поради навремено откривање на делото од страна на Управата за финансиска полиција, пријавениот спровел нова постапка и склучил нов договор со правниот субјект ЕСИ СОЛУШН ДООЕЛ Скопје за интелектуални услуги, за да преку истиот склучил договор со трето лице и ангажирал возило (камион) за собирање на смет, потпишал платни налози и исплатил 604.461 денари спрема авторската агенција.

Со горенаведените дејствија, постои основано сомнение дека пријавениот постапил спротивно на член 40 и член 41 од Законот за јавни набавки (Службен весник на РМ бр, објави 4news.mk 24/19 и бр.87/21) и спротивно на утврдените начела на јавните набавки и тоа: начело на економичност, ефикасност и ефективност на користењето јавни средства, начело на конкуренција помеѓу економските оператори, начело на транспарентност, начело на еднаков третман и недискриминација на економските оператори и начело на сразмерност, предвидени во членовите 4-8 во ЗЈН, односно склучил фиктивни договори и договори без да биде спроведена јавна набавка, на кој начин ги сторил кривичните дела “Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 ст.4  и ст.3 вв ст.1 од КЗ на РСМ,  “Фалсификување исправа” од член 378, ст.1 од КЗ на РСМ и кривично дело “Проневера во службата“– во обид од член 354 ст.2 в.в ст.1 в.в. член 19 од КЗ на РСМ, а со намера да овозможи корист на договорните физички лица во вкупен износ од 4.213.169 денари.

…

Related Posts

Жена од Тетово го нападнала и повредила својот невенчан сопруг

19.06.2026

Алкохол зад волан: Возач тешко повреден по превртување на „опел“ кај Штип

19.06.2026

Мотоциклист тешко повреден во судир со „ауди“ во Скопје

19.06.2026

Тетовка пријавила дека ѝ исчезнале над 80.000 денари од сметката

19.06.2026

Од општа опасност до загрозување на дипломати: Нова насока во истрагата

19.06.2026

5 лица во бегство по истрагата во ФФМ

19.06.2026

Препорачани Вести

Моќни ракети и израелски системи: „Ахилов штит“ ја менува одбраната на Грција

6 месеци ago

140 денари за литар дизел: Во која европска држава дизелот моментално е најскап

3 месеци ago

Популарни Вести

  • Жена од Тетово го нападнала и повредила својот невенчан сопруг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алкохол зад волан: Возач тешко повреден по превртување на „опел“ кај Штип

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мотоциклист тешко повреден во судир со „ауди“ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тетовка пријавила дека ѝ исчезнале над 80.000 денари од сметката

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Никогаш не ја гасете климата на овој начин: Сметката за струја може да порасне и до 50 отсто

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.