петок, октомври 23, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Binance обезбеди втора голема правна победа пред американски суд според Законот против тероризам за само две недели

by Redakcija
13.03.2026
in Економија

Федералниот суд на САД во Алабама ги отфрли сите тужбени наводи против Binance во најновата судска победа 

Binance, најголемата светска крипто-берза, објави дека Федералниот суд во сојузната држава Алабама ги отфрлил сите наводи против компанијата во тужба во која се тврдеше дека Binance го прекршила Законот против тероризам. Ова претставува втора голема правна победа за Binance во постапка поврзана со законот против тероризам во рок од една недела, по претходната победа на компанијата пред судот во Јужниот округ на Њујорк. 

Целосна и недвосмислена правна победа

Во детална пресуда на 19 страници, судот оцени дека тужбата на тужителите е правно и фактички неоснована, односно дека не содржи доволно правна поткрепа ниту доволно факти за да може да опстои пред суд. Одлуката со која се отфрла секое едно барање во целост претставува јасна и одлучна правна победа за Binance. 

Судијата ја карактеризираше тужбата како „тужба со општи и недоволно разграничени наводи“. Во тужбата не беа јасно наведени конкретните барања, а сите обвинети страни беа неправилно групирани заедно без да се направи разлика во однос на нивното индивидуално однесување или правна одговорност. Во одлуката исто така се нагласува дека тужителите не го исполниле основниот процесен стандард да поднесат „кратка и јасна изјава“ за своите барања.

Во пресудата, исто така се нагласува дека тужителите не го исполниле основниот процесен стандард да поднесат „кратка и јасна изјава“ за своите барања. Овој израз значи дека тужбата мора да биде напишана доволно јасно, концизно и конкретно за судот и обвинетите да можат точно да разберат што се тврди и врз која основа. 

По донесувањето на оваа одлука, судот им дал рок на тужителите до 10 април 2026 година да поднесат изменета тужба, со која би ги исправиле недостатоците што судот ги утврдил. Сепак, судијата предупредил дека доколку тие не успеат соодветно да ги отстранат овие слабости, целата постапка ќе биде целосно отфрлена. 

Надоврзување на позитивниот правен моментум и почитување на правниот интегритет

„Оваа одлука дополнително ја потврдува нашата непоколеблива посветеност да ги заштитиме Binance и нашата заедница од неосновани и злонамерно покренати тужби“, изјави Елинор Хјуз, генерален правен советник на Binance. „Усогласеноста со санкциите и финансирањето тероризам се сериозни правни прашања — тие бараат докази, правна строгост и почитување на законската постапка. Судовите веќе ги разгледаа овие наводи во два одделни случаи и утврдија дека тие се без основа. Овие исходи зборуваат сами за себе. Нема да дозволиме правниот систем да се злоупотребува за напади врз нашата индустрија, и остануваме цврсто посветени на транспарентност, безбедност и законито постапување во сè што правиме.“ 

Оваа најнова судска одлука доаѓа веднаш по сеопфатната победа на Binance во Њујорк, каде што судот на сличен начин ги отфрли наводите дека компанијата им помогнала на терористи, учествувала во нивни активности или влегла во заговор со нив. Заедно, овие пресуди го одразуваат цврстиот став на Binance да ја заштити својата платформа и својата заедница. 

Binance континуирано инвестира во водечка инфраструктура за усогласеност, регулаторна соработка и правно управување. Компанијата ќе продолжи енергично да се брани од сите обиди за покренување неосновани барања или погрешно прикажување на нејзиното работење. 

За Binance

Binance е водечки глобален блокчејн екосистем што стои зад најголемата светска крипто-берза според обем на тргување и број на регистрирани корисници. На Binance ѝ веруваат повеќе од 310 милиони луѓе во над 100 земји, благодарение на нејзината водечка безбедност, транспарентност и неспоредливо портфолио на производи за дигитални средства. 

За повеќе информации посетете тука.

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Неделен преглед на Македонската берза: промет од 50,46 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

23.10.2026

Македонската берза во раст со МБИ10 повисок за 0,18 отсто и најголем промет со акциите на Комерцијална банка

22.10.2026

САД договори руски дизел, ЕУ останува на санкциите

22.10.2026

Божиновска: Со KfW разговараме за нови инвестиции и постабилен енергетски систем

21.10.2026

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,55 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

21.10.2026

Николоски на терен: „Се гледа крајот“ – одличен напредок на автопатот Охрид – Кичево

21.10.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Посебен режим на сообраќај во Скопје утре

7 месеци ago
Дигитализација на високото образование: Три нови услуги за студентите

Дигитализација на високото образование: Три нови услуги за студентите

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Лекари и студенти по медицина се приклучија на протестите против владата на Рама

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неделен преглед на Македонската берза: промет од 50,46 милиони денари, најтргувани акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: „Свои на своето!“ – со корен во минатото и со верба во иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Милошоски: Македонија е идеал и завет што нè обврзува да ја чуваме нејзината иднина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Приведените демонстранти не се студенти, туку поттикнувачи на насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.