среда, август 12, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Нова административна зграда за Општина Тетово ќе чини околу 1,4 милиони евра

by Redakcija
16.03.2026
in Република

Градежните работи за нова административна зграда на Општина Тетово започнаа овој месец, а за изградбата од општинскиот буџет ќе се издвојат речиси 1,4 милиони евра.

Објектот се гради по спроведен тендер за избор на изведувач на градежните работи, откако не се реализираше првичниот план проектот да се изгради без директно трошење буџетски средства.

Градоначалникот на Тетово, Биљал Касами, претходно најави дека објектот би се реализирал преку јавно-приватно партнерство, при што општината би отстапила земјиште на друга локација, а за возврат би добила изградена зграда за администрацијата. Сепак, според него, ваквата компензација не била возможна поради законски ограничувања.

„Првичната идеја беше да се реализира со јавно-приватно партнерство, општината да даде земја на друга локација и да се изгради објектот за општината. Но испадна дека тоа не е возможно. Според законот не може да се направи таква компензација – земјиште за објект, па затоа одлучивме да одиме со тендер и со средства од буџетот“, изјави Касами.

И покрај инвестицијата во нов објект, општината и понатаму се соочува со финансиски предизвици. Касами посочува дека во 2025 година е зголемена наплатата на данокот на имот, но значителен дел од буџетските средства сè уште се користат за подмирување на долгови преку извршители.

„Се надеваме дека во текот на 2026 година ќе излеземе од извршувања и ќе можеме автономно да оперираме со буџетот, затоа што и во 2025 година сериозен дел од буџетот беше реализиран преку извршители“, рече тој.

Новата административна зграда е планирана да има приземје, два ката и поткровје, со вкупна површина од околу 1.400 квадратни метри. Во Општина Тетово работат околу 400 административни службеници, а дополнително ангажирани се и неколку стотици хонорарни соработници.

….

Related Posts

Пет пожари сè уште активни во Македонија, три се под контрола

12.08.2026

Македонија се славеше со песна и спектакл: „Силно светнал ден“ пристигна во Битола

12.08.2026

Делови од Тетово и Боговиње утре ќе бидат без струја

11.08.2026

Проданоски со апел поради топлотниот бран: „Здравјето и безбедноста на луѓето се на прво место“

11.08.2026

ЈКП „Водовод“ – Битола продолжува со реконструкција и модернизација на водоводната мрежа

10.08.2026

Утре без струја делови од Тетово, Теарце, Боговиње и други села

10.08.2026

Препорачани Вести

Неделен извештај за измерени средно-дневни вредности на емисии од главните емисиони точки во ТИТАН УСЈЕ

4 месеци ago

Што ќе донесе новиот iPhone?

2 дена ago

Популарни Вести

  • Банка со важно известување до клиентите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ПРОФИТОТ НА БАНКИТЕ И КОГА ПАЃА Е БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА, кај секторот трговија има спектакуларен скок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во благ пораст: МБИ10 зголемен за 0,03 отсто, најтргувани акциите на Алкалоид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пред 36 години беше осветен еден од симболите на Скопје – Соборниот храм „Свети Климент Охридски“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет пожари сè уште активни во Македонија, три се под контрола

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.