четврток, септември 24, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Божиновска: 4.070 ранливи домаќинства добиваат ваучери до 28.000 денари за инвертер клима уреди

by Redakcija
17.03.2026
in Економија

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска информираше дека се објавени списоците на граѓани кои добиле право на ваучер за купување и вградување инвертер клима уред, како дел од мерките за поддршка на ранливите домаќинства.

Според Министерството, право на оваа мерка добиле 4.070 ранливи домаќинства, кои ќе можат да добијат ваучер во вредност до 28.000 денари за набавка на инвертер клима уред со енергетска класа најмалку А+.

Граѓаните кои се на списокот ќе можат да ги подигнат своите ваучери во центрите за социјална работа во општините каде што живеат, во периодот од 18 март до 17 април.

По подигнувањето, ваучерот може да се искористи за купување и вградување инвертер клима уред најдоцна до 15 октомври 2026 година, кај компании со кои Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе склучи договор.

„Оваа мерка има за цел да обезбеди конкретна поддршка за домаќинствата на кои им е најпотребна, да се намалат трошоците за енергија и да се подобри енергетската ефикасност во домовите“, соопшти министерката Божиновска.

Списокот на корисници и деталите за постапката се објавени на веб-страницата на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини. За дополнителни информации, лицата кои се стекнале со право на ваучер можат да се обратат и на телефонските броеви 071-391-187 и 071-391-169 или на електронската адреса ranlivipotrosuvaci@energy.gov.mk.

….

Related Posts

Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,44 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

23.09.2026

Божиновска: Соларната енергија е сегашноста, но следниот чекор е ред, план и силна мрежа

23.09.2026

Нафтата поевтинува шести ден по ред: Пазарите очекуваат стабилизирање на снабдувањето

23.09.2026

По Стопанска банка Битола, Алта банка тргнува по уште една банка во Македонија

23.09.2026

Помалку летови и поскапи билети: Авиокомпаниите под притисок поради цените на горивото

23.09.2026

Каде има најголема побарувачка за работници? Ова се најбараните професии

23.09.2026

Препорачани Вести

Турција оди кон радикална мерка: Целосна забрана за продажба на тутун

6 месеци ago
Трамп: Размислувам да излеземе од НАТО! Воен аналитичар: Без него, тој сепак е најсилниот сојуз

Нов сигнал од Вашингтон: Трамп го засилува притисокот врз „непослушните“ сојузници во НАТО

5 месеци ago

Популарни Вести

  • Сибиха: Украина прифати целосен и безусловен прекин на огнот, ја повикуваме Русија да го направи истото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската берза во пад: МБИ10 намален за 0,44 отсто, најголем промет со акциите на Комерцијална банка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нова кола за 4.500 евра – Моделот што ја освојува Индија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бугарија вратила пратка од над два тона македонско кисело млеко

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малиот Бајрам ја победи тешката битка: „Победничкото ѕвонче“ повторно одекна на Детската клиника

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

Здравје – Вистинското има вкус
No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.