На 15 и 16 март 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје извршија лишување од слобода на пет лица на различни локации во градот. Меѓу приведените се Е.Д. (19), К.Г. (24), Д.С. (24) и 17-годишник, сите со адреса во Скопје, како и Р.К. (21) од Тетово, со престој во Скопје.
При контролата, кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите, против приведените ќе следуваат соодветни поднесоци.











