Connect with us

Uncategorized

Овој тест открива каква тајна крие вашата потсвест

Јапонски тест открива длабоки тајни за нашата потсвест. Ќе ви помогне да дознаете работи за себе кои не сте ги знаеле.

Вклучете ја фантазијата и своите емоции, одговарајте спонтано и запишете прво што ќе ви падне на памет.

Замислете како одите низ стара шума со личност по ваш избор. Која е таа личност со која чекорите?

По некое време среќавате животно. Кое животно е тоа? Каков однос имате кон него?

Продолжувате да одите низ шумата, одите подлабоко во неа. Доаѓате на чистина, каде гледате напуштен лавиринт. Која е неговата големина? Колку се високи ѕидовите на лавиринтот?

Одлучувате да влезете во него, но личноста која е со вас ве советува да не го правите тоа. Сепак, влегувате сами. Во самото средиште наоѓате чаша. Од каков материјал е направена? Што ќе направите со неа?

На крајот излегувате од лавиринтот. Кое од овие тврдења најдобро го опишува вашето искуство?

Ова беше мошне брзо. Брзо најдов излез.

Ми требаше време да поминам низ лавиринтот, но не беше толку страшно.

Се изгубив и на момент помислив дека нема да се снајдам.

Личноста која беше со мене ми го покажа патот. Можеби се уште ќе бев внатре.

Ги запишавте одговорите? Прочитајте што значат?

Личноста со која одите низ шумата е најважна личност во вашиот живот.

Големината на животното ја покажува вашата перцепција кон проблемите со кои се соочувате во животот. Начинот на кој се однесувате кон него, покажува и како се однесувате кон проблемите кои ги имате. Дали бевте пасивни или се трудевте да се изборите со животното?

Лавиринтот го претставува патот кој го избирате во животот. Кога сме млади, често се чувствуваме изгубено и збунето. Вашето гледање на лавиринтот покажува како се чувствувате во однос на годините кога созревавте.

Големината на лавиринтот ја покажува вашата волја да се соочите со предизвиците во животот. Ниските ѕидови покажуваат отворена личност, а високите пак зборуваат за затворена личност.

Што мислевте на крајот?

Ова беше навистина лесно. Брзо го најдов излезот.

Многу луѓе гледаат на минатото и тинејџерските години како период на стрес и збунетост. Но, доколку го мислите ова, вие не сте биле премногу оптоварени од нив. Не сте потпаднале под притисокот на своите врсници. За вас, тие денови биле голема забава.

Ми требаше време да поминам низ тоа, но сепак не беше премногу страшно.

Училишните денови не се лесни. Како и повеќето млади, вие сте поминале многу време грижејќи се за љубовта, пријателствата и иднината. Тоа искуство ви помогнало да станете личноста која сте денес, а лекциите кои сте ги научиле ви помагаат во тешки времиња.

Се изгубив на момент и помислив дека нема никогаш да излезам од тоа.

Растењето за вас било животна борба која довела до крајност. Постојано се двоумевте поради проблемите и самите себеси се мачевте со сомнежи. Но, така ја откривте и длабочината на својот карактер. Сега е време да се опуштите.

Личноста со која одев ме пронајде и ми го покажа патот. Инаку, уште ќе бев внатре.

Причината за задоволство во вашиот живот е некоја личност која сте ја стекнале и за која верувате дека ви го променила животот. Како и секој, сте имале грижи но оваа личност ви помогнала да ги надминете. Таа е специјална личност за вас.

Uncategorized

Чарлс откри каква е улогата на Британија ако Русија ја нападне Европа

Британскиот крал Чарлс истакна дека Велика Британија и Германија се подготвени да ја поддржат Европа во услови на закана од понатамошна руска агресија. Тој го пофали заедничкиот одбранбен договор со Германија, нарекувајќи го „уникатно партнерство во срцето на НАТО“, јави Скај њуз.

Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој е во тридневна државна посета на Обединетото Кралство, изјави дека двете земји работат рамо до рамо за да ја промовираат безбедноста и стабилноста на Европа, со посебна поддршка за Украина. Ова е прва официјална посета на германски лидер на Велика Британија по 27 години.

За време на престојот, Штајнмаер се сретна со британскиот премиер Кир Стармер на тркалезна маса со бизнис лидери, како дел од проект за електрични возила вреден 20 милиони евра, кој ќе отвори 150 работни места во Нортхемптоншир и Оксфордшир. Во јули, двете земји го потпишаа Договорот од Кенсингтон, со кој се зацврстува соработката во прашања како Украина, миграција, економски раст и трговија.

Посетата вклучи церемонијален воен пречек, возење со кралска кочија и положување цвеќе на гробот на кралицата Елизабета Втора во капелата „Свети Ѓорѓи“, а на банкетот во Виндзор кралот Чарлс се пошегува за нивната заедничка љубов кон фудбалот, додавајќи дека „на крајот, Германците победуваат“.

Continue Reading

Uncategorized

Сите камери за брзина веќе се мапирани од оваа апликација

Додека проектот „Безбеден град“ е во тест-фаза, возачите ширум земјата веќе ја користат апликацијата Waze за да се прилагодат на новите правила и масовното мерење на брзината. Корисниците го прават ова преку дигитално мапирање на речиси сите камери што мерат брзина.

„Waze“ е навигациска апликација која во реално време прикажува сите релевантни информации за патот. Од вчера, речиси целосната мрежа на камери на „Безбеден град“ е веќе внесена од страна на самите корисници.

Апликацијата нуди:

Прецизна мапа на камери за брзина – фиксни, мобилни и новопоставени. Гласовно предупредување при приближување кон камера. Информации за полиција, радари, работи на пат и метеж, внесени од самите возачи. Автоматско пресметување на најбезбедна рута со прикажување на сите критични точки. Можност за пријавување на нови камери од страна на корисниците, со што мрежата постојано се ажурира.

Возачите ја користат апликацијата за да го следат ограничувањето на брзината, да избегнат ненамерни прекршоци и да добијат предупредување неколку стотини метри пред камера. За многумина, Waze стана единствена гаранција дека нема да бидат „изненадени“ од камерите на „Безбеден град“.

Во првите 48 часа од стартот на тест-фазата, бројот на извештаи за камери на Waze драстично порасна, што покажува дека апликацијата е ефикасно решение за безбедно возење.

Објави: Скопје1.мк

Continue Reading

Uncategorized

ВЛЕН: Анкетната комисија мора да ја открие вистината за сите трагични случаи

Коалицијата ВЛЕН целосно го поддржува формирањето на анкетната комисија, нагласувајќи дека со години граѓаните останале без одговори и често биле манипулирани. Според коалицијата, време е оваа пракса конечно да заврши.

Од ВЛЕН посочуваат дека нивниот став отсекогаш бил јасен – потребна е сеопфатна комисија, без селективен пристап и без политички мотиви. Ваква инклузивна комисија, велат од коалицијата, конечно се формира.

Новоформираната комисија ќе ги разгледа сите тешки и чувствителни случаи што со години ја потресуваа државата: трагедиите со „Дурмо Турс“ и „Беса Транс“, пожарот во модуларната болница во Тетово, како и несреќата во Кочани. Само целосен пристап, оценуваат од ВЛЕН, може да ги открие институционалните пропусти што чинеле човечки животи.

Коалицијата очекува комисијата да укаже не само на индивидуалните грешки, туку и на длабоко вкоренетите модели на лошо управување кои овозможиле низа трагедии низ годините. Според ВЛЕН, откривањето на вистината е првиот чекор кон справување со системските слабости и враќање на довербата на граѓаните.

Continue Reading
Advertisement

Advertisement

Advertisement
Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Advertisement

Трендинг