недела, јули 26, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Македонија

Пратениците денеска одлучуваат за нов државен обвинител

by Redakcija
18.03.2026
in Македонија

Собранието денеска ќе ја одржи 94. седница, на која клучна точка на дневниот ред е изборот на нов државен јавен обвинител. Предлогот на Владата е на оваа функција да биде избран Ненад Савески, актуелен судија во Основниот кривичен суд – Скопје.

Савески беше номиниран на 10 март, а за да ја добие довербата на парламентот потребно е да обезбеди најмалку 61 глас од пратениците. Неговата кандидатура доаѓа по оставката на досегашниот обвинител Љупчо Коцевски, по спроведена постапка во која учествуваа вкупно пет кандидати.

Роден во 1976 година, Савески е магистер по казнено право и своето образование го стекнал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ во Скопје. Правосудниот испит го положил во 2003 година, а од 2016 година е судија во одделот за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд. Претходно работел како јавен обвинител и стручен соработник во правосудните институции.

Во својата кариера бил ангажиран и како експерт во повеќе меѓународни организации и проекти, меѓу кои ОБСЕ, Советот на Европа и УСАИД, како и во рамки на Националната конвенција за ЕУ. Учествувал во работни групи за судски реформи и бил вклучен во проекти поврзани со кривичната постапка и истражните мерки.

Покрај тоа, Савески има и академски ангажман како предавач во Академијата за судии и јавни обвинители, како и обучувач во областа на човековите права и кривичното право. Автор е и коавтор на повеќе стручни трудови и публикации.

На истата седница, пратениците ќе разгледуваат и избор на член на Судскиот совет, како и предлог-закони од областа на пензиското осигурување и инфраструктурните проекти, вклучително и делниците од коридорите 8 и 10-д.

Дополнително, на дневен ред може да се најде и предлогот Ацо Ристов да биде избран за претседател на Регулаторната комисија за енергетика, по оставката на досегашниот претседател Марко Бислимоски.

Related Posts

Муцунски: ЕУ останува стратешка цел, но бара национален консензус и сериозни реформи

Муцунски: Бујар Османи е последниот што има право да држи лекции

25.07.2026

Николоски: Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, наскоро се пуштаат најкомплицираните 10 километри

25.07.2026

Еве колку се чека за излез од Македонија

25.07.2026

Годишните сметки за енергија во Македонија меѓу најниските во Европа

25.07.2026

Преку Министерство за финансии се реконструира Поликлиниката „Идадија“ – инвестиција вредна над 31 милион денари

24.07.2026

МВР со известување: Штрајк на грчките царински службеници на граничните премини

24.07.2026

Препорачани Вести

mtv

MTV се врати на почетокот: Со иста песна што ја започна, телевизијата го заокружи крајот на една ера

7 месеци ago

Дали секојдневното јадење месо ви помага или му штети на здравјето? Нутриционист го дава одговорот

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Општина Битола: Во тек е обновата на спортските игралишта во ОУ „Даме Груев“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вработен од Центарот за вработување во Прилеп – барал по 6.000 денари месечно за да не укине социјална помош – Се бара притвор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избувна пожар во Тетовско: Повредена жена пренесена во тетовскиот Ургентен центар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Илинденската коњаница тргна од Кочани кон Мечкин Камен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Брвеница: Денес акција за перење на улиците во седум населени места

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.