среда, ноември 18, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Економија

Димитриеска-Кочоска: Во услови на глобална неизвесност нашиот фокус останува стабилен буџет и редовно сервисирање на обврските

by Redakcija
20.03.2026
in Економија, Топ Вести

20 март 2026 година, Скопје- Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вчерашното интервју за Дневникот на Македонска радио-телевизија истакна дека во услови на глобална неизвесност се можни одредени корекции на буџетските проекции, но приоритет останува одржување на фискалната стабилност и заштита на стандардот на граѓаните.

Таа посочи дека Министерството за финансии е фокусирано на задржување на буџетскиот дефицит во рамки на планираното, а средствата ќе се насочуваат кон клучните приоритети – редовна исплата на плати, пензии и социјална помош.

„Но она што е фокус на Министерството за финансии е борбата да го одржиме буџетскиот дефицит толку колку што ни беше проектиран за оваа година. Секако во рамките на тоа да се испроектираат одредени заштеди таму каде што имаме простор и да се дадат таму каде што е приоритетно. Но морам да потенцирам дека секогаш приоритет ќе биде да се исплатат на време на платите, пензиите, социјалната помош, се она кое што е значајно за да се заштити стандардот на граѓаните“, истакна министерката.

Владата внимателно ги следи состојбите и ќе носи одлуки согласно развојот на кризата.

Министерката потенцираше дека неизвесноста околу времетраењето на кризата претставува клучен предизвик, со оглед дека сличен пристап имаат и другите влади, кои исто така постапуваат внимателно и условно.

„Факт е дека оваа година треба да сервисираме обврски од над две милијарди евра и тоа е нешто што мора да се направи навреме. Како и секое домаќинство, кога земате кредит – без разлика дали е станбен или потрошувачки – мора да го вратите. Доколку тоа не се направи, се нарушува кредитниот рејтинг и финансиската стабилност, и затоа воопшто не станува збор за опција да не се сервисираат обврските” кажа министерката.

Во таа насока, беше истакнато дека дел од средствата се обезбедуваат преку рефинансирање, при што оваа година е направен стратешки избор поголем дел од задолжувањето да биде од странство, со цел да се остави поголем простор домашните банки да го кредитираат стопанството.

Министерката додаде дека ваквиот пристап е дел од претходно планираните буџетски проекции и се покажува како оправдан во услови на засилени глобални ризици.

На крајот, таа порача дека Владата ќе продолжи внимателно да ги следи економските текови и ќе носи одлуки кои ќе обезбедат стабилност на економијата и заштита на граѓаните

…

Макси Златна Рипка – Државна Лотарија
Златна Треска – Државна Лотарија

Related Posts

Божиновска: Повеќе извори на снабдување и посилна регионална соработка за енергетска безбедност

18.11.2026

Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

18.11.2026

Македонија меѓу земјите со важни наоѓалишта на критични минерали, ЕУ ја препознава стратешката вредност на бакарот

18.11.2026

Николоски: Вештачката интелегенција е придобивка која мора да ја искористиме – работиме на напредни дигитални системи за конкретни придобивки на граѓаните и бизнисот

18.11.2026

Макстил ја подобри заработката во третиот квартал, но деветмесечната добивка остана пониска за 27,8%

18.11.2026

Проданоски: Меѓу младите во Прилеп се идните лидери, наша обврска е да им дадеме можност

17.11.2026
Мега Милионер – Државна Лотарија
Дијамант – Државна Лотарија
Titanium – Државна Лотарија

Препорачани Вести

Нови ракетни напади од Иран врз американските позиции на Блискиот Исток

Сирени за тревога во Израел

7 месеци ago

Општина Битола: Дел од булеварот „1 Мај“ ќе биде затворен поради градежни зафати

7 месеци ago

Популарни Вести

  • Сакскобурготски со порака до Софија: Историјата да им се остави на историчарите, Македонија да влезе во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Повеќе извори на снабдување и посилна регионална соработка за енергетска безбедност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Општина Битола оддаде почит на борците од Првата егејска македонска ударна бригада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска: Во Варшава ги претставуваме плановите за стратешки резерви и заштита на енергетската инфраструктура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија меѓу земјите со важни наоѓалишта на критични минерали, ЕУ ја препознава стратешката вредност на бакарот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.