петок, јули 10, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Таи Чи и медитација во Прилеп: Нов пристап за подобро здравје на трудниците

by Уредник
21.03.2026
in Република

Во прилепската Општа болница „Борка Талески“, во рамки на Школата за трудници при гинеколошкото одделение, се одржа настан посветен на практикување на Таи Чи и медитација, со цел унапредување на здравјето и благосостојбата на идните мајки.


Настанот беше организиран по повод 21 март – Светскиот ден на Таи Чи, под мотото „Спокојни почетоци“, а во организацијата учествуваа УНФПА, Амбасадата на Народна Република Кина во Скопје и Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари, во соработка со прилепската болница.


Според надлежните, Школата за трудници функционира речиси една година и е бесплатна за сите учеснички. Во неа се одржуваат теоретски предавања и практични вежби еднаш неделно, а моментално во програмата учествуваат десет трудници кои ќе продолжат со практикување на Таи Чи.


Лекарите нагласуваат дека ваквите активности, заедно со јога и физикална терапија, придонесуваат за подобро физичко и ментално здравје на мајките, како и за полесна подготовка за породување.


Од кинеската амбасада истакнаа дека Таи Чи е симбол на хармонија меѓу телото и умот и дека повеќе од 400 милиони луѓе во светот ја практикуваат оваа древна техника.


Настанот има за цел не само промоција на здрави навики, туку и продлабочување на соработката меѓу Македонија и Кина, особено меѓу збратимените градови Прилеп и Дејанг.


Инаку, од почетокот на годинава во прилепската болница се родени околу 90 новороденчиња, што дополнително ја нагласува важноста од ваквите програми за поддршка на мајчиното здравје.

Related Posts

ВИДЕО – Проданоски: Од 17 до 19 јули Прилеп ќе биде центар на забавата во Македонија

10.07.2026

Повеќе тетовски села утре ќе бидат без струја

09.07.2026

Проданоски: Да ги поддржиме младите прилепски музичари и да уживаме во уште една прекрасна летна вечер

09.07.2026

Масовно труење со салмонела во позната македонска компанија: Ова е кетеринг фирмата која ја подготвила храната

09.07.2026

Проданоски: Прилеп се гордее со младите уметници кои ја негуваат македонската традиција

08.07.2026

Важно известување од Општина Тетово

08.07.2026

Препорачани Вести

Нова зелена финансиска иницијатива на ЕУ: До 20 милијарди евра за инвестиции во земјите во развој

Нова зелена финансиска иницијатива на ЕУ: До 20 милијарди евра за инвестиции во земјите во развој

2 месеци ago

ВЛЕН: ДУИ со години го игнорира правото на албанските студенти за правосуден испит на мајчин јазик

3 месеци ago

Популарни Вести

  • МВР спроведува голема безбедноснa вежба на охридскиот аеродром

    Рекорден раст на македонските аеродроми: Над 1,9 милиони патници за половина година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Николоски: Над 430 милиони денари за инфраструктурен развој на Тетово

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Божиновска по повод 10 Јули – Светскиот ден на енергетската независност: Инвестициите во енергетиката се инвестиции во иднината на Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Радовиш за првпат организира „Радовишки вински двор“ – два дена вино, музика и забава

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трагедија во Македонија: 14 годишно девојче почина по несреќа на детско игралиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.