Поради планирани прекини во електродистрибутивната мрежа, утре (24.03.2026) дел од Тетово и повеќе тетовски села ќе останат без електрична енергија во одредени временски интервали.
Според најавата, во Тетово без струја ќе бидат објекти на улицата „Штипска“, на потегот од затворот кон Теке, во период од 09:00 до 14:00 часот.
Планирани прекини ќе има и во селото Нераште, каде дел од населеното место, особено објекти во близина на старата пекара, ќе бидат без електрична енергија од 09:00 до 14:00 часот.
Во селото Непроштено, прекин ќе има во централниот дел, односно т.н. македонско маало, во период од 09:00 до 14:30 часот.
Без струја ќе бидат и жителите на селата Беловиште и Вратница, каде прекинот ќе трае од 09:00 до 14:00 часот.
Пократкотрајни прекини се најавени и во селата Голема Речица, Камењане и Долно Палчиште, каде електрична енергија нема да има од 10:00 до 10:30 часот.
Надлежните апелираат до граѓаните да ги прилагодат своите обврски согласно најавените термини.












