недела, мај 31, 2026
No Result
View All Result
bulevar.mk
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт
No Result
View All Result
bulevar.mk
No Result
View All Result
Home Република

Коњановски: Ќе ја зајакнеме борбата против пушењето на локално ниво

by Redakcija
28.03.2026
in Република

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на работилницата посветена на зајакнување на активностите за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење на локално ниво.

Настанот беше организиран од Министерство за здравство, во соработка со Светска здравствена организација и Центар за семејна медицина, во контекст на новиот Предлог-закон за заштита од пушење и програмите за јавно здравје.

Во своето обраќање, Коњановски нагласи дека целта на работилницата е да се поттикне дијалог и подобра координација меѓу локалните институции, како и да се подготви Акциски план на ниво на Општина Битола за 2026 година. Планот ќе биде насочен кон зајакнување на мерките за контрола на тутунот, со посебен фокус на унапредување на работата и видливоста на советувалиштата за одвикнување од пушење и подобро информирање на граѓаните за достапните услуги.

Тој ја истакна значајната улога на општината во поддршката на активностите за унапредување на здравјето на населението, потенцирајќи дека локалната самоуправа има клучна улога во спроведувањето на ваквите политики.

„Како градоначалник, но и како доктор епидемиолог, ја изразувам целосната подготвеност – и лична и институционална – за уште поголем акцент во кампањите против пушењето како сериозен јавноздравствен предизвик“, истакна Коњановски.

Тој додаде дека Општина Битола веќе има успешна соработка со канцеларијата на СЗО во земјава, ресорното министерство и Центар за јавно здравје Битола, каде што веќе неколку години функционира советувалиште за одвикнување од пушење.

…

Related Posts

Николоски: Во Новаци се реализира инвестициски циклус од 1,2 милиони евра, веќе се градат првите две фабрики

31.05.2026

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Владата ја продолжи мерката за пониски акцизи на горивата до 15 јуни

31.05.2026

Градоначалникот Тоневски го одбележа Духовден со верниците во манастирот во Костомар

31.05.2026

Клиничката болница Тетово со реакција за инцидентот од вчера

30.05.2026

БИТОЛА УШТЕ ЕДНАШ БЕШЕ СВЕТСКИ ЦЕНТАР НА ДЕТСКАТА УМЕТНОСТ: Заврши 45. „Мал битолски Монмартр“

30.05.2026

Коњановски: Се преземаат мерки по нападот од мечка врз стадо во Крклино

30.05.2026

Препорачани Вести

Коцевска: Во „Пулс“ немало реконструкција, туку внатрешно уредување – обвинението погрешно го толкува законот

2 недели ago

ВИДЕО: Никој не очекуваше вакво нешто – Ракета падна на чекор од нуклеарниот центар на Израел!

2 месеци ago

Популарни Вести

  • Николоски: Во Новаци се реализира инвестициски циклус од 1,2 милиони евра, веќе се градат првите две фабрики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чудо на Духовден во Острог: Три гулаби слетаа пред иконата на Света Троица и ги воодушевија верниците (ВИДЕО)

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВИДЕО: „Хаос на албанското крајбрежје во Валона: Летаа камења, тепачки и судири поради проектот поврзан со зетот на Трамп“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ВОЗАЧИТЕ: Владата ја продолжи мерката за пониски акцизи на горивата до 15 јуни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДАЛИ ПУКНА СРАМ ВО ЧИЛЕАНСКАТА АРМИЈА? Куче за откривање дрога се нафрли на вицеадмирал среде свечена церемонија за борба против дрогата – ВИДЕО

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Спорт
  • Импресум

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.

No Result
View All Result
  • Македонија
  • Економија
  • Република
  • Балкан
  • Свет
  • Црна Хроника
  • Скопје
  • Технологија
  • Магазин
  • Спорт

Булевар.мк © 2025 Сите права се задржани.